Истражувањa

Семејства во Србија со години чекаат враќање на конфискуваниот имот

Некои семејства во Србија и денес се борат за враќање на вредниот имот, кој што пред 70 години, им го конфискувала комунистичката власт

Милан Радоњиќ, Белград

Зградата „Руски цар“. Фото: Дучиќ/Викимедиа/CC BY 03

Процесот на реституција, односно враќање на имотот што комунистичката власт на поранешна Југославија го национализирала или конфискувала по Втората светска војна, во Србија, започна во 2011 година.

Оттогаш, според Агенцијата за реституција на Република Србија, на наследниците на сопствениците им се вратени 6.001 објект, во кој влегуваат станови, деловни објекти и згради.

„Имаше голем број на неосновани барања за враќање на имотот, што го забави целиот процес, но ние очекуваме враќањето на имотот да биде завршено до крајот на 2018 година”, изјави за БИРН, Страхиња Секулиќ, директор на Агенцијата за реституција, нагласувајќи дека за враќање на земјоделското земјиште, ќе биде потребно повеќе време.

„Намерата е целиот процес да биде завршен во следните пет години, вклучувајќи го природното враќање и надоместокот во форма на државни обврзници”.

Од над 75.000 барања, околу 12.500 резултирале со позитивна одлука за враќање на имотот, до крајот на 2017 година.

Но, за многумина, враќањето на имотот е повеќе од едноставно правно прашање. Тоа е мисија за исправање на неправдата, што им била нанесена на нивните предци. Еве дел од тие приказни.

Хотелот Еспланада на семејството Дајч

Хотел Еспланада. Фотографија на семејството Дајч

Семејството Дајч, од Германија, во 1870 година се преселило во Панчево, кое тогаш се наоѓало во јужна Унгарија, а денес во Војводина. Се занимавало со производство на кожа и работата се проширила низ Унгарија, Србија и Славонија (денешна источна Хрватска).

„Мојот дедо Александар бил мобилизиран во австро-унгарската војска, која се борела на Источниот фронт, и недолго потоа, во 1916 година, го заробила руската армија. Со настаните од Октомвриската револуција (во Русија во 1917 година), завршиле и неговите денови во затворот и тој набрзо се вратил во Белград, овој пат како оженет човек“, вели Харис Дајч, доцент на Филозофскиот факултет во Белград.

Хотел Белград

Семејството Марковиќ успешно се бореше за враќање на хотелот Белград на улица „Немањина“, а сега се бори да го обнови, бидејќи им бил вратен во лоша состојба.

„Успеавме да го вратиме нашиот имот. Одржувањето на хотелот во изминатите децении било многу лошо и голем дел од неговата вредност е изгубен, но сакам да размислувам позитивно и да се обидам на хотелот да му го вратам некогашниот сјај“, вели Владимир Марковиќ, сегашен сопственик на хотелот Белград.

Хотелот, во 1936 година, го изградил неговиот прадедо, Владимир Ѓорѓевиќ, кој се вратил да живее во Белград, по завршување на докторските студии по економија во Берн.

Освен хотелот, дедо му на Марковиќ изградил и бил сопственик на неколку згради во центарот на Белград, но по завршувањето на Втората светска војна, сите ги изгубил. Не му било дозволено ниту да го добие својот мебел.

Сите имот му бил одземен, а тој бил принуден да живее во мал стан во улицата, за кој плаќал месечна кирија.

Зборувајќи за своите планови, Марковиќ вели дека би сакал хотелот да стане нов репрезентативен симбол на Белград, со цел да го посетуваат и странски и домашни туристи. Тој има намера да го задржи духот на стар Белград, но од друга страна, ова да биде хотел со пет ѕвездички и да му го врати старото име: Гранд Хотел Белград.

„Заедно со неговата сопруга Александра, Русинка, овде започнал просперитетен семеен бизнис, и наскоро станал сопственик на линија за производство на кожа во Ниш, додека главниот магацин и центарот за транспорт биле во пристаништето на реката Сава во Белград, во улицата ‘Браќа Крсмановиќ’”.

Како резервен офицер, Александар бил уапсен од германската војска. По падот на Кралството Југославија, за време на Втората светска војна, војската го депортирала, а неговата сопруга и двете ќерки биле префрлени во затворот Бањица, во јужниот дел на Белград. Дајч, со оглед дека имал пари, ги поткупил стражарите и успеал да ги спаси своите ќерки и да ги испрати во Америка, меѓутоа, неговата сопруга починала во затвор.

По ослободувањето од нацистичките окупатори, Дајч се обидел повторно да започне со нов живот и да го рекативира својот бизнис во главниот град на сега социјалистичка Југославија. Неговата нова сопруга, Ники Калиопи, во мај 1948 година, го родила нивниот син Едвард. Но, само пет месеци подоцна, Александар повторно бил уапсен.

„Тој бил обвинет за шпионажа, и бидејќи имал силен темперамент, им се спротивставил на луѓето кои го испрашувале. Го претепале и го ставиле во самица. Оваа последна затворска казна го однела неговиот живот. Тој починал во јули истата година“, раскажува неговиот внук Харис.

Семејство Дајч чека да му биде вратена зградата во Белград, која се наоѓа на улица „Крал Петар“, хотелот Еспленада во Панчево и фабриката „Ѓука Диниќ“ во Ниш.

Од Агенцијата за реституција велат дека имотот на улица „Браќа Крсмановиќ“ е вратен на семејството и дека сè уште трае проценката за можниот надомест за останатиот имот, кој не може да им биде вратен, бидејќи или има нови сопственици, или имотот повеќе не постои во претходната форма.

Зградата на семејството Хаџиќ на улица „Влајковиќева“ број 10

„Влајковиќева 10 бил дом на семејството на мојата прабаба Елисавета Хаџиќ, имот создаден од неколку поколениа, но одземен само со еден потег на пенкало”, вели Олга Радојловиќ-Бараќ.

„Мојата баба, Олга Хаџиќ, добила двокатна зграда и дополнителни градежни парцели во околината, како подарок од нејзината мајка Елисавета. Откако се омажила со полковникот Никола Чаниќ, таа изградила уште еден, трет кат, каде што била родена мајка ми, Мирјана Чаниќ-Радојловиќ“.

Зградата била оштетена во бомбардирањето во Втората светска војна. Комунистичките власти ѝ рекле на баба ми да земе заем од банка, за да го обнови објектот, а кредитот да го враќа од парите што ќе ги добие со изнајмување на објектот. Меѓутоа, неколку министерства и институции, почнале да користат делови од зградата, без да ѝ платат кирија на Олга Хаџиќ.

Дури и денес, во објектот на улица „Влајковиќева“ број 10, е сместена владина институција. По Министерството за државна управа и локална самоуправа и Министерството за економски односи со странство, зградата на Хаџиќ денес ја користи Републичкиот секретаријат за јавна политика.

„На баба ми никогаш не ѝ било дозволено да влезе во обновените станбени делови од зградата, па дури била принудена да го продаде станот во кој што требало да живее и тоа по цена пониска од пазарната вредност”.

Семејството Чаниќ ѝ се обратило на Агенцијата за реституција, но велат дека досега не добиле никаков одговор. „Сè уште сме тука, чекаме правда”, истакнува Олга Чаниќ.

Во Агенцијата велат дека работат на апликацијата и на проценката на финансискиот надомест за семејството, при што додаваат: „Зградата во ‘Влајковиќева’ 10 не ѝ е вратена на Мирјана Чаниќ, бидејќи има статус на официјална (владина) зграда”.

Таверна „?” (Таверна „Прашалник“)

Таверна „?“. Фото: ЦЛИ/Викимедиа/CC BY-SA 3.0

„Мојот прадедо, Иван Павловиќ, ја купил оваа куќа во улица „Крал Петар“. Во тоа време во неа се наоѓал кројачки дуќан за свештеничка облека, бидејќи во близина била главната конгрегациска црква во Белград“, вели Зоран Павловиќ, додека пие чај во истиот објект, во кој денес се наоѓа познатата традиционална таверна „?“.

Иван бил трговец и дуќанот го држел само за шиење на свештеничка облека, додека во другиот дел од зградата отворил кафеана, која работела со години, дури и за време на Втората светска војна.

Потоа дошло ослободувањето, но не за сите. Иван Павловиќ починал истиот ден, кога дознал дека веќе не е сопственик на кафеаната, што ја водел повеќе од 50 години.

„Тој и неговата сопруга вечерале, кога воени офицери тропнале на вратата на неговиот стан, кој се наоѓал на горниот кат, и му кажале дека кафеаната му е национализирана. Тој починал истата вечер“, вели Павловиќ.

Тој додава дека неговиот татко Зоран никогаш не зборувал за присилната национализација на имотот на семејството: „Тој беше толку огорчен од ова искуство, што никогаш не сакаше да дојде на ова место”.

Ресторанот е вратен на семејството, но оваа одлука е предмет на жалба, велат во Агенцијата за реституција.

Зградата “Руски цар”

Зградата „Руски цар“. Фото: НМеѓедов/Викимедиа/CC BY 03

„Велат дека оваа зграда е една од иконите на Белград, но гледате како изгледа влезниот хол, со оваа голема дупка во таванот, јас во некоја рака тука сум и чувар”, вели Вања Антонијевиќ, вдовица на Зоран, чиј татко Милутин ја изградил познатата зграда „Руски цар“ (именувана по познатиот ресторан во приземјето), на влезот на улицата „Кнез Михајлова“ во центарот на Белград.

Поголемиот дел од старите станари ги нема, вели таа, а оние кои што дошле по Втората светска војна, не се прилагодиле на градскиот живот.

Вања, овие години ги памети како години на голем страв, особено за време на конфликтот меѓу Југославија и СССР, кога Белград идеолошки се оддалечил од Москва. Овој потег се заканил да ја подели Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) и резултирал со брутална чистка во нејзините редови.

„Се сеќавам многу јасно кога еден човек, кој тука зеде стан, скокна од прозорецот и се самоуби, кога ја виде полициската единица, која доаѓаше да го уапси. Беше ужасно“.

Во 1987 година, Градското собрание на Белград, ја прогласи оваа зграда за споменик на културата.

Покојниот сопруг на Вања, Зоран, започнал долга борба за враќање на имотот на нивните предци, но не успеал да ја добие сопственоста над највредниот дел од зградата – ресторанот, кој и натаму е предмет на судски спор и е затворен на одредено време. Таа не се надева многу.

„Тие (државата) го продадоа украдениот имот. Не очекувам ништо од оние кои дозволија оваа неправда да не биде корегирана за сите овие години“, додава таа.

Од Агенцијата за реституција велат дека на семејството му се вратени три станови, кои биле во државна сопственост, но оти останатиот дел од зградата е во приватна сопственост, вклучувајќи го и ресторанот, така што овој дел не може директно да му биде вратен на семејството, туку е можно, за тој дел, да им биде даден финансиски надомест.