Истражувањa

ВМРО-ДПМНЕ е најбогата партија со најмалку вработени

БИРН од Централниот регистар ги побара годишните сметки за минатата година на четирите најголеми политички партии

  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

ВМРО – ДПМНЕ ја завршиле 2015 година со приходи од 2,4 милиони евра и со тоа партијата e со најмногу приходи од политичките партии.

БИРН од Централниот регистар ги побара годишните сметки за минатата година на четирите најголеми политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Демократската партија на Албанците (ДПА), како што соопштија од Централниот регистар, не поднела завршна годишна сметка за минатата година, иако роковите за поднесување поминаа на 29 февруари, односно до 15 март, доколку завршната сметка се поднесува електронски.

Она што најмногу паѓа в очи е податокот дека најголемата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година за плати и надоместоци пријавила трошоци од само 197 илјади денари. Според ова, може да се претпостави дека владејачката партија во 2014 година имала само еден вработен, кој земал бруто плата од 16.491 денар.

Инаку, најниската месечна бруто плата во Македонија, според пресметките предвидени во Законот за минимална плата, изнесува 15.822 денари.

ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година за плати и надоместоци пријавила трошоци од само 197 илјади денари. Според ова, може да се претпостави дека владејачката партија во 2014 година имала само еден вработен, кој земал бруто плата од 16.491 денар.

Во 2015 година, според годишниот финански извештај на ВМРО-ДПМНЕ, сумата за плати и надоместоци видно се зголемува и изнесува 1,9 милиони денари. И во случајов, ако тргнеме од најниската месечна бруто плата во Македонија, произлегува дека најголемата владејачка партија нема повеќе од 125 вработени.
Овие пресметки, во недостиг на информации за број на вработени, се правени под услов вработените во политичките партии да земале плата која е најниска месечна бруто плата во Македонија, а тоа е 15.822 денари. Доколку вработените земаат повисока бруто плата, тогаш бројот на вработени би бил понизок.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, другите две партии даваат повисоки суми за плати и надоместоци. Според извештајот, СДСМ за оваа намена двои 8,5 милиони денари. И во случајов, доколку ја земеме предвид најниската месечна бруто плата (бидејќи во извештаите не го пишува вкупниот број вработени), би произлегло дека во СДСМ се вработени најмногу 540 лица. Ова важи под услов доколку сите ја земаат најниската месечна бруто плата.

Во ДУИ пак, се издвојуваат 2 милиони денари за плати и надоместоци. Под претпоставка секој од нив да зема најниска месечна бруто плата, произлегува дека во партијата се вработени околу 130 лица.

Се разбира, пресметките се провизорни, бидејќи партиите не ги обелоденуваат овие податоци, а изземени се од обврската за објавување податоци од јавен карактер, иако прашањето со колку вработени располагаат партиите е нешто што секако спаѓа во доменот на интересот на јавноста.

trosoci na pol partii

ВМРО-ДПМНЕ, според годишниот извештај за финансиското работење поднесен до УЈП, не пријавила никакви приходи од кирии и закупнини, ниту во 2014 ниту во 2015 година. СДСМ во 2014 година од издавање простор под кирија се стекнале со приход од над 31 илјада евра, а во 2015 со околу 28 илјади евра. ДУИ, според извештаите, не издава простор под кирија.

Најмногу пари во партиите се слеале од приходи од членарини, подароци и донации. Во ВМРО-ДПМНЕ се слеале над 2,1 милион евра минатата година, во СДСМ околу 660 илјади евра, а во ДУИ 236 илјади евра, што е за три пати повеќе за разлика од 2014 година.

Единствено кај ДУИ приходите за 2015 година се зголемиле, додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ минатата година имале помали приходи за разлика од 2014 година.

prihodi na pol partii

Трите партии годината ја завршиле со вишок приходи.