Автори: Мери Јордановска и Синиша Јаков Марушиќ

Два месеци Сафи патувал пеш, од Сирија преку Турција, Грција до Македонија, каде што бил фатен и пренесен во Центарот за странци | Фото: М.Јордановска
Постојано зборуваше со насмевка на лицето, иако тоа што го раскажуваше беше навистина потресно.
Со Мустафа зборувавме преку оградата од Прифатниот
центар,бидејќи не ни беше дозволено да разговараме со
барателите на азил без дозвола од Министерството за
труд и социјална политика. И покрај тоа што имавме
испратено официјално барање до Министерството, не ни
беше одговорено, а портпаролот Марјан Гијовски не ни
креваше слушалка. Токму затоа, кон Прифатниот
центар се упативме на своја рака – да видиме како живеат
барателите на азили и низ што сè поминуваат додека да стигнат до
ветените земји и до подобар живот.
Само во последниве две недели, седум мигранти во пет одделни случаи загинаа откако беа прегазени од воз. Најмладата жртва имаше само 45 дена – бебето загина заедно со неговиот татко. Тие беа од Авганистан, а останатите пет жртви доаѓаа од Сирија.
Германија е земјата за која сонуваат
Мустафа Сафи е единствениот од неговото семејство кој бил фатен на границата. Месец и половина тој поминал во Прифатниот центар за странци во Гази Баба.

Идентификациската карта на Мустафа е доказот дека тој е барател на азил во Македонија | Фото: М.Јордановска
28-годишниот Сириец во Прифатниот центар за азиланти е околу 9 месеци. Вели дека добро се спие тука. Понекогаш излегува да прошета, иако околината не е баш најдобра за пешачење. Кал и неасфалтиран пат го делат Визбегово од околните населби.
„Во Германија за кратко време се добива пасош! На моите им е многу убаво таму! Ќе видам, можеби и јас еден ден ќе одам“, вели тој.

Пред неколку дена, во Прифатниот центар во Визбегово пристигна петчлено семејство од Сирија | Фото: М.Јордановска
Во моментов, во Визбегово се сместени околу 50 лица. Во центарот имаат каде да спијат, имаат храна и облека.
Кошмарот на машиновозачите
Патот најчесто ги води покрај железничките пруги – така знаат на каде да се движат, а ако им се укаже шанса да не бидат видени, се качуваат во возот за да го скратат патот. Спијат покрај пругите, па така се зголемува и веројатноста, поради уморот, да не го забележат возот.
„Вистински кошмар ми стана оваа работа. Верувајте ми, често се будам навечер облеан во пот… имам кошмари дека сум прегазил некого“, вели машиновозач вработен во „Македонски железници“ кој сакаше да остане анонимен.

Често се будам навечер облеан во пот. Имам кошмари дека сум прегазил некого“, вели машиновозач вработен во „Македонски железници“ | Фото: Синиша Ј. Марушиќ
„Но, и тоа не помага многу, бидејќи на ваков воз му е потребно илјада метри за да закочи“, ни вели машиновозачот.
Во текот на нашето патување, забележавме дваесетина мигранти во близина на пругата. Меѓу нив имаше и деца и возрасни. Одмораа, легнати во грмушките. Ги прашавме дали зборуваат англиски, но тие упорно ни повторуваа „Дојч?“. Знаеја само германски јазик.
Очигледно дека го учеле јазикот за да бидат подготвени ако стигнат до нивната ветена земја, Германија. Онаа за која сонува и Мустафа.
Бројот на мигранти во земјава рапидно расте