На неодамнешната седница на Високиот судски и обвинителски совет (ВСОС) на Босна и Херцеговина, беше речено дека обвинителите не можат да дојдат до 30 проценти од осомничените за воени злосторства, бидејќи тие живеат надвор од оваа држава или избегале без трага.
Беше препорачано да се организира регионална конференција на највисоко ниво, за да се реши овој проблем.
Во БиХ сè уште има илјадници нерешени предмети, поврзани со војната во оваа држава.
Во јули, до Советот на министри на БиХ, беа упатени критики, бидејќи тоа не ја усвои ревидираната Национална стратегија за процесирање на воените злосторства, која обезбедува обработка на голем број заостанати предмети, до 2023 година.
На седницата на ВСОС се разговараше и за извештајот на Мисијата на ОБСЕ во БиХ, во која се упатени критики до правосудните власти на оваа земја, поради опаѓање на бројот на осудителни пресуди, од 2016 година, па наваму..
Сепак, членот на ВСОС, Горан Незировиќ, истакна оти ова тело не треба да го коментира ова прашање.