Регион

БиХ: Поранешен командант на ХВО ослободен од обвинение

Миле Пуљиќ пред Судот на БиХ во 2018. Фото: Марио Иличиќ/БИРН

Апелацискиот совет на Судот на Босна и Херцеговина, го ослободи поранешниот командант на вториот баталјон на втората бригада на ХВО, Миле Пуљиќ, од обвинението за злосторства против човештвото.

Пуљиќ беше ослободен од обвинението дека им овозможил на своите подредени да земат затвореници од логорот Хелиодром, да ги одведат на принудна работа на првата линија на фронтот и да ги користат како жив штит.

Тој, исто така, беше ослободен од обвинението дека им дозволил на неговите подредени да учествуваат во насилните исчезнувања и тепањето на затворениците.

Објаснувајќи ја пресудата, претседателот на судскиот совет, Мирко Божовиќ, рече дека обвинителството не го докажало делото за кое го обвини Пуљиќ.

„Остана нејасно кој ги распоредувал затворениците, кои биле донесени во логорот, за присилна работа на првата борбена линија. Од сведочењето на некои сведоци можеше да се утврди дека ги воделе затворските чувари и воената полиција, над кои обвинетиот немал контрола“, рече Божовиќ.

Во мај минатата година, Пуљиќ, со првостепената пресуда, исто така, беше  ослободен од обвиненијата, но обвинителството поднесе жалба, па се одржа повторно судење.

На оваа пресуда не постои можност за жалба.