Регион

Дисциплинска постапка против војник на БиХ поради величање на Младиќ

Фотографии на Ѓорѓе Тојчиќ на неговиот профил на Инстаграм, пред профилот да биде затворен.

Вооружените сили на БиХ, покренаа дисциплинска постапка против војникот, Ѓорѓе Тојчиќ, кој на својот профил на Инстаграм го величаше Ратко Младиќ.

Хашкиот трибунал во ноември минатата година, го прогласи Младиќ за виновен за геноцид извршен во Сребреница и за други воени злосторства.

Балканската истражувачка мрежа, прва објави дека полициските органи ги проверуваат наводите против активностите на Тојчиќ на социјалните мрежи.

Тојчиќ на својот профил на Инстаграм објави фотографија на препознатливата капа на Младиќ, кој тој ја носел во војната во БиХ 1992-1995, под која стои текстот: „Знае Европа, но не сака да признае, се бореше генералот против тероризмот“.

Во описот на фотографијата, Тојчиќ ја додаде и пораката: „Ви благодарам за сѐ!!“.

Дисциплинската постапка не е спроведена до крај, а од Министерството за одбрана на БиХ велат дека доколку во постапката наводите бидат потврдени, на Тојчиќ ќе му бидат изречени дисциплински мерки.

Неговиот профил на Инстаграм, моментално е затворен.