Регион

Факели ја осветлија ноќта во Косово во чест на Адем Јашари

Меморијалниот комплекс на семејството Јашари во Преказ. Фото: Атхе Мула

Припадниците на Безбедносните сили на Косово(БСК) и други учесници, во средата вечер, носејќи запалени факели до секој од 59 гробови во кои се закопани членовите на поширокото семејство Јашари, во меморијалниот комплекс во селото Преказ, општина Србица/Скендерај, ја одржаа манофестацијата „Ноќта на огновите“.

Командантот на ОВК, Адем Јашари, и неговото семејство, беа убиени во тридневна битка со српските сили, која се одржа од 5 до 7 март 1998 година, настан кој за косовските функционери претставува пресвртница во борбата на оваа поранешна српска покраина за независност.