И порано сме биле тука. Во јуни 2018, кога реформаторската влада на Северна Македонија веќе имаше направено големи чекори кон враќање на земјата назад на евроатлантскиот пат – особено со постигнувањето на значајниот Преспански договор со Грција – Франција, Холандија и Данска рекоа: „Не, Скопје не направило доволно за да бара отворање на преговорите за членство со ЕУ, а исто и Албанија“.
Технички, тоа што Франција и другите им го кажаа на Македонците и на Албанците беше – „можеби следната година“, но никој, што и малку се разбира, не можеше да ја протолкува таа изјава, како што и пишував претходно, како нешто друго, освен тврдо „Не“.
И еве нѐ пак тука, една година подоцна, а француската позиција не се поместила ниту за сантиметар, ниту станала поинформирана, туку остана игнорантска, арогантна и провинциска. Франција повторно го блокираше стартот на преговорите за членство со Скопје и со Тирана.
Од 2003 година и од Солунскиот самит, секој комесар на ЕУ и практично секој шеф на држава-членка на ЕУ на овој регион му велел: „Вашата иднина е во Унијата, ваша е должноста да направите тоа да се случи“.
Е, па Северна Македонија направи тоа да се случи, како и сите други во регионот, особено ако се земе предвид демократското назадување што се случуваше под претходната влада во Скопје.
И сега Франција, земјата која одвај одржуваше некое дипломатско присуство во регионот од 1990-тите и која стана само незаинтересиран набљудувач на балканските политики, повторно рече – „Не“.
Ова е излудувачка какофонија од недоверба, игнорантски однос и кукавичлак. Ниту Французите, ниту Холанѓаните не можат искрено да ги соопштат своите позиции. Одбиваат да го артикулираат тоа што е несомнено содржина на нивните политики, а тоа е дека тие не ги сакаат Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Не е за реформите, не е за напредокот, тие не сакаат да ги видат двете земји во ЕУ и точка.
Ова „не“ е посебно недоследно, ако се земе заедно со реториката на холандските политичари. Во еден момент, француските и холандските дипломати рекоа дека се противат на Северна Македонија и на Албанија бидејќи тие не направиле доволен напредок во унапредувањето на владеењето на правото во нивните земји.
Следно, Французите рекоа дека прво сакаат да ја реформираат самата ЕУ пред да примат нови членки. Холанѓаните во меѓувреме понудија пологична интервенција, велејќи дека тие ги попречувале Скопје и Тирана само затоа што и Франција го правела тоа, а ако Франција сака да направи поместување по ова прашање, тоа ќе го стори и Хаг.
Ова е излудувачка какофонија од недоверба, игнорантски однос и кукавичлак. Ниту Французите, ниту Холанѓаните не можат искрено да ги соопштат своите позиции. Одбиваат да го артикулираат тоа што е несомнено содржина на нивните политики, а тоа е дека тие не ги сакаат Северна Македонија и Албанија во ЕУ. Не е за реформите, не е за напредокот, тие не сакаат да ги видат двете земји во ЕУ и точка.
Секако, се поставува прашањето зошто? Србија, која е до гуша вплеткана со руско и со кинеско оружје, е далеку понедемократска од Северна Македонија или од Албанија, и за разлика од Скопје, не беше во можност да постигне мир со Косово, или, суштински со Босна и Херцеговина. Сепак, оваа земја продолжува да отвора поглавја со ЕУ. Всушност, најновото поглавје го отвори во јуни годинава. А Црна Гора е уште понапред во преговорите со Србија – и тоа го прави без ниту една демократска промена на владата во речиси три децении.
Во меѓувреме, Северна Македонија и Албанија не можат ниту да ги отворат преговорите со ЕУ. Косово, иако ги исполни сите барања, сѐ уште нема визна либерализација, а Босна и Херцеговина, најмногу поради сопствена вина, сѐ уште е заглавена во пополнувањето документи за да добие кандидатски статус. Без оглед на босанската ситуација, очигледно нешто друго има влијание тука, а не универзалните стандарди.
Нова националистичка влада во Северна Македонија може, исто така, еднострано да се повлече од Преспанскиот договор и да се сврти кон Русија и кон Кина, во обид да ги надомести недостатоците што би настанале како резултат на санкции од ЕУ и од САД.
Недостигот од транспарентност и на чесност, посебно од Макрон, ќе поттикне маѓепсан центрифугален круг во регионот. Веќе има гласини за неизбежното паѓање на владата на Зоран Заев во Скопје – но тоа ќе биде најмалиот проблем на ЕУ во годините што доаѓаат. Активни популисти во земјите со муслиманско мнозинство, како Косово, Албанија и Босна, може да одлучат да ја спинуваат двојната игра на ЕУ како напад на нивните заедници и да се свртат кон некој друг поддржувач, со слична идеологија на нивната – Турција.
Нова националистичка влада во Северна Македонија може, исто така, еднострано да се повлече од Преспанскиот договор и да се сврти кон Русија и кон Кина, во обид да ги надомести недостатоците што би настанале како резултат на санкции од ЕУ и од САД.
Секој обид на ЕУ, на тој крстопат, да повикува на цивилизираност и на преговори нема да биде слушнат. Какви било ветувања кон регионот тогаш да даде Брисел или водечките земји-членки како Германија, тие ќе држат многу малку вода. Бидејќи сите во Скопје, Приштина, Сараево или во Тирана ќе можат да речат – „Благодариме, но знаеме дека Французите на крајот повторно ќе нѐ саботираат – затоа ќе се држиме до нашите нови партнери од доверба како Москва, Пекинг или Анкара“.
Имаше речиси универзална осуда на француската позиција, вклучително и од САД, во последните неколку дена. Тоа, сепак, не е доволна утеха за Северна Македонија и за Албанија, и за вистинските демократи и проевропски граѓани насекаде во регионот.
Но, со оглед на веројатноста на сценаријата искажани погоре – за зацементирање на руските, кинеските и на турските мрежи на влијание во Југоисточна Европа, тоа воопшто не е прашање од регионално значење.
Тоа што Макрон го прави, ја поткопува ЕУ во целост, и нејзината кредибилност, и нејзината безбедност. А со оглед на преклопувањето на членството, неговите политики исто така се закана за НАТО.
За добро или за лошо, балканските лидери и народи ќе се приспособат на последното предавство од ЕУ. Секогаш го прават тоа. На долг рок, вистинската криза поттикната од француската двојна игра може да се префрли внатре во самата ЕУ.
Јасмин Мујановиќ е политиколог специјализиран за политиките во Југоисточна Европа. Неговата прва книга „Глад и бес: кризата на демократијата на Балканот“, е издадена и достапна
Мислењата изразени во коментаторската секција се на авторите и не треба да се протолкуваат дека ги одразуваат погледите на БИРН