Од прашањата што ме мачат деновиве ги издвојувам: Дали по видеото на Пимен дека ќе гласа „за“ на референдумот, Агатангел ќе сними домашно видевце клекнат на колена со порака дека прав верник во недела оди в црква, а судбината на својата земја му ја препушта на господа?
Зошто Јанко Бачев сè уште не ја обвинил ненародната власт во Скопје дека го соборила рускиот авион во Сирија? Дали ќе залади времево? Уште колку лајка ѝ недостигаат на Ванковска за претседателска кандидатура? Дали пивото во зелена флаша е поздраво до тоа во окер шише? Што ќе правиме со иднината на земјава ако Уставниот суд изгласаше дека таа е противуставна? Дали постои принц на Кралството на Македонија и Црна Гора и дали тоа значи дека Хорхе ни е крал? И како лебави ви киднал крокодилот во Зоолошка, а никој не забележал?
Ако и вам ве мачат истите прашања, ајде да се обидеме да си ги одговориме едно по едно. Или барем некои од нив. Ајде да почнеме од последново.
Посетители на скопската Зоолошка градина, сведоци на настанов, ми ја раскажаа пред малку следнава приказна. Претпладнево таму се случил непланиран спектакл. Имено, крокодилот утрината бил случајно забележан како се капи во езерцето за патки. Вработените биле алармирани, по што тие веднаш провериле дали си е во неговото живеалиште. Откако се увериле дека не е таму, се кренала голема паника. Посетителите биле евакуирани на побезбедно од каде што ја набљудувале операцијата што следела – езерото бил делумно испразнето, а специјални екипи го уловиле крокодилот и го вратиле во неговото живеалиште.
Од прашањата што ме мачат деновиве ги издвојувам: Дали по видеото на Пимен дека ќе гласа „за“ на референдумот, Агатангел ќе сними домашно видевце клекнат на колена со порака дека прав верник во недела оди в црква, а судбината на својата земја му ја препушта на господа?
Очекувам наскоро раководството на Зоолошката да соопшти што точно се случило и ако се потврди приказната на случајните посетители да ни соопштат што е преземено за ова да не се повтори. Најчести посетители на Зоолошката се децата. Не сакам ниту да мислам на тоа што можело да се случи доколку крокодилот останал незабележан. А, бидејќи сме на пат да станеме европска Македонија, очекувам, се разбира ако приказнава добие потврда, да видиме и демонстрација на европско преземање одговорност кај одговорните на градината.
А сега за останатите ликови и „дешавки“ од нашата животинска фарма.
Очекувам наскоро раководството на Зоолошката да соопшти што точно се случило и ако се потврди приказната на случајните посетители да ни соопштат што е преземено за ова да не се повтори
Уставниот суд, сепак, реши да не ја претвори Македонија во сафари во кое ќе владеат волците на Јанко Бачев, лавовите од Светскиот македонски конгрес и крокодилите на Левица. Во една господска дискусија во која се водеа жестоки кавги за тоа кој е господин, а кој не е, на крајот, фала му на бога, преовлада разумот и тезата на Линколн дека Уставот и законите треба да им служат на граѓаните, а не обратно.
Кога сме веќе кај бога, не ги разбирам баш клетвите што се упатуваат кон владиката Пимен. Не сум голем познавач на црковните работи, колку што знам владиците доброволно се откажуваат од многу земни задоволства, ама досега не сум чул дека меѓу забранетите работи е и правото на глас и на мислење.
Пимен како европски митрополит веројатно прошетал малку повеќе низ Европа од останативе вадици и се уверил дека да се биде дел од ЕУ не е баш толку лошо како што нè убедуваат некои негови неистомисленици во мантии. Освен тоа, ако може да се агитира на претседателски избори за партиски кандидат, зошто не би можело да се агитира на непартиски референдум што ја дефинира иднината на библиска Македонија.
Во врска, пак, со средбата на премиерот Зоран Заев со Стефан Цернетиќ од Торонто, кој минатата година беше разоткриен дека лажно се претставувал како принц од Македонија и Црна Гора, нема што многу да се додаде. Настанот е тотално надреален. Веројатно и избеганиот крокодил да побарал средба кај премиерот, ќе му била овозможена. Ако е за утеха, старата власт кралските корени ни ги бараше кај Хунзите на Хималаите, оваа барем ни најде принц од НАТО-членка.
За времето и за пивото треба да се прашаат метеоролози, односно пиволози, а за Ванковска веројатно некој друг тип научници. Не може, сепак, сите прашања што нè мачат да бидат одговорени во една колумна.