Регион

Косово: Поднесено обвинение против српски борец за воени злосторства

Дие Морина | БИРН | Приштина

Меѓународниот обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, поднесе обвинение против поранешен српски борец, идентификуван со иницијалите Д. Т ., кој се сомничи за воени злосторства извршени во Мала Круша, помеѓу 25 и 27 март 1999 година.

Д.Т. е обвинет за ограбување, намерно уништување и за злосторства против личното и човековото достоинство.

Според обвинението, тој ги извршил злосторствата како припадник на српските резервни полициски или паравоени сили.

Обвинението е поврзано со дводневниот напад на српските сили, вклучувајќи ја и полицијата, и паравоените сили, на Мала Круша, кој започнал на 25 март 1999 година.

Како што соопшти обвинителство, за време на нападот, цивилното население било подложено на брутални и незаконски убиства, на нечовечки третман, огромно страдање, дислокација и иселување, на заплашување и терор, конфискација на имотот и на грабежи.

Се верува дека за време на нападот на Мала Круша, биле извршени едни од најмасовните убиства во војната во Косово, кога српските сили убиле повеќе од 100 мажи.

Обвинетиот е уапсен во ноември 2017 година, по меѓународна потерница, кога сакал од Србија да ја премине границата и да влезе во Косово. Оттогаш тој се наоѓа во притвор.