Островјаните во Хрватска и Грција уживаат во волшебен начин на живот, но се соочуваат со предизвици заради изолацијата и стареењето на населението

Powered by Cincopa Video Hosting for Business solution.На островите им е потребна насока во морето на промениОстровјаните во Хрватска и Грција уживаат во волшебен начин на живот, но се соочуваат со предизвици заради изолацијата и стареењето на населениетоФериботи кај пристаништето на Задар патуваат кон Дуги Отокoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Светилникот Вели Рат на Дуги оток во Хрватскаoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Поглед од светилникот Вели Ратoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Никола Зувела, чуварот на светилникот на Палагружаoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Даниела Шкворчевиќ со ќерка си, кај светилникот Вели Ратoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Островот Палагружа во Хрватскаoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Системот за снабдување на светилникот на Палагружаoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Поглед од светилникот на Палагружаoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Светилникот Сушац во Хрватскаoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Томислав Зувела, чувар на хрватски светилникoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Кора, грчки остров Серифосoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 1200height 900Антонис Вентурис, чувар на светилник на Серифосoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Војо Саин, чувар на светилникoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465Звонимир Шквочевиќ се качува по скалите на светилникот Вели Ратoriginaldate 1/1/0001 6:00:00 AMwidth 620height 465
Сто осумдесет и три чекори. Тоа е секојдневното патување на Звонимир Шкворчевиќ, од дното до врвот на највисокиот светилник на Јадранот.
Светилникот „Вели Рат“ стои на северозападниот крај на Дуги Оток (Долг Остров) на далматинскиот брег во Хрватска. Еден од најубавите светилници во регионот, 42-метарската висока кула е опкружена со шума, мала градина, параклис посветен на Свети Никола и божественото сино море преку кое, кога денот е јасен, може да се видат контурите на Италија.
Звонимир е чувар на светилникот 24 години, но тој израснал далеку од брегот и не го имал видено морето, сѐ додека не наполнил 25 години.
„Како тинејџер почнав да сонувам за живот во природа, мала куќа, жена, деца… ја зграпчив првата шанса што ми дојде“, вели „Звоне светилничарот“, како што го нарекуваат мештаните.
Начинот на живот кој пред четврт век му беше примамлив на Звонимир, сѐ уште е многу привлечен, како за островјаните така и за милионите туристи кои патуваат во Хрватска секое лето. Островите нудат убава глетка, сонце, морски воздух и смирувачки бавно темпо на живот.
Но, оние кои живеат на островите, исто така, се соочуваат со предизвици бидејќи нивното население старее, а оддалеченоста ги прави помалку атрактивни како место за живеење на младите луѓе.
Звонимир живее во куќа во подножјето на светилникот со неговата сопруга Даниела и нивните двајца млади синови. Тој, исто така, се грижи за градината и маслинките.
И покрај тоа што е тежок пушач, тој лесно се качува по скалите на светилникот, успорувајќи за да почека некој помлад посетител кој останал без здив додека се обидува да го стигне.
Семејството на Шкворчевиќ во светилникот „Вели Рат“
Тој оди бос цело лето. До крајот на мај, тој веќе има потемнет тен и носи маица на риги и исечени фармерки. Има топла насмевка која се чини дека никогаш не го напушта неговото лице и зборува нежно со неговите две мали момчиња. Но, нота на загриженост се чувствува во неговиот глас кога зборува за неговото најстаро дете, Ивана, ќерката од неговиот втор брак.
Ивана останала со Звонимир по разводот на нејзините родители и одела во основно училиште во селото Божава, оддалечено 17 км од светилникот. Сега е време таа да оди во средно училиште, што значи дека ќе треба да се пресели во жупанијата на град Задар, на копното, што е на околу 35 километри.
Звонимир и другите локални жители би сакале подобри транспортни врски, поевтини и почести ферибот линии и такси бродови што ќе им овозможат на повеќе луѓе што живеат на островите да патуваат кон копното.
„Само ако властите сфатат дека изолацијата е нашиот најголем проблем“, вели тој. „Ферибот компаниите кои ги носат луѓето на островите и назад се жалат на мал број патници, како да не сфаќаат дека ситуацијата само ќе се влоши ако нешто не се промени“.
Туризмот ги засени земјоделството и риболовот и стана главна индустриска гранка на островите на Хрватска, но тоа не е секогаш доволно за да се одржат просперитетните заедници во текот на целата година.
„Вели Рат“ е најпопуларниот светилник во Хрватска што нуди туристичко сместување. Туристите се сместуваат во двата апартмани цели 36 недели од годината, сѐ додека времето не залади.
„Сите тие би сакале да живеат во светилникот, ја сакаат природата, го сакаат животот … во текот на летото. Тие мислат дека зимата на островот е романтична, но обично се откажуваат со првите есенски дождови”, вели Звонимир.
Светилникот „Вели Рат“, највисок на Јадранот
Од вкупно 1.244 острови во Хрватска, населени се 67, а 47 имаат жители во текот на целата година. Според пописот од 2011 година, на островите живеат околу 125.000 луѓе.
Но, меѓу нив има сѐ помалку млади луѓе. Во 1953 година, над 26 отсто од оние кои живееле на хрватските острови биле на возраст од 14 или помалку години. До 2011 година, таа бројка се намалила на под 13 отсто.
Само помалку од една четвртина од населението на Хрватска е на возраст од 60 или повеќе, но повеќе од 30 проценти од населението на островите спаѓаат во таа категорија, според демографската анализа објавена минатата година од страна на Иво Нејашмиќ, професор по географија на Универзитетот во Загреб.
Процент од населението на хрватските острови според возрасна категорија. Извор: Податоци од пописот од Демографско стареење на хрватските острови од Иво Нејашмиќ, Универзитетот во Загреб. Графици од Лада Вученовиќ.
Семејствата од светилниците
На 30 јуни, локалните жители од островот Корчула го прославуваат дочекот на „Полу Нова Година“, голема забава што трае цела ноќ во баровите и по улиците на главниот град. „Замислете како изгледа тоа кога е вистинската новогодишната ноќ“, вели ирски турист поминувајќи покрај маскираните луѓе што танцуваат. Всушност, ова е вистинската забава. Прославите во зима се многу поскромни, и со далеку помалку луѓе.
По долгата ноќ, атмосферата е малку тивка на бродот што заминува од пристаништето во шест часот следното утро. Бродот е во сопственост на „Пловпут“, државна компанија која управува со и ги одржува 46-те светилници во Хрватска. На палубата се Иво Шаин и Томислав Жувела, и двајцата чувари на светилници и синови на светилничари.
И двајцата знаат дека работата не е лесна, но тоа нуди сигурно, државно вработување преку целата година. Нема многу такви работни места на островите.
Томислав (32) патува на островот Палагружа, што се наоѓа поблиску до италијанското отколку до хрватското крајбрежје, каде светилникот е единствената населена зграда. Тој му се придружува на неговиот татко Никола, за смена што ќе трае еден месец. Во овој период од годината Марија, сопругата на Никола и мајката на Томислав, е исто така со нив.
Кога бродот се приближува кон Палагружа, еден помал брод го собира Томислав и неколку други патници. Забрзува додека се упатува кон островот, запирајќи на плажата и оставајќи ги патниците да излезат.
Светилникот Палагружа
Испрчен на карпа 100 метри над морето, зградата на светилникот е широка, импозантна камена градба со 40 прозорци и зелени капаци. Изградена за време на австриската власт во 1875 година, таа требала да зрачи со моќ за патниците кои за првпат ја здогледаат Австро-унгарската империја.
„Тука сме веќе 35 години. Овој остров стана дел од мене и ја сакам секоја негова педа, во секое време од годината”, вели Марија во кујната на светилникот. Таа дошла на Корчула на одмор како млада жена, се заљубила во чуварот на светилникот и израснала син што е исто така чувар на светилник.
Островскиот живот и годел. Таа изгледа задоволно и многу помлада од нејзините 60 години. Зборува полека и смирено, без непотребни гестови.
Нејзиниот сопруг Никола (57) помага да се качат резервите за неговиот син и ги праќа надолу празните шишиња од гас со помош на систем со макара кој го поврзува светилникот со бродот.
„Да не ни беше добро овде, немаше да останеме толку долго”, вели тој. Задоволен е што неговиот син ги следел неговите стапки.
„Негова беше желбата да стане чувар на светилник, па зошто не би бил среќен? Во секој случај, подобро е што ја избра оваа работа отколку онаа за која размислуваше“, вели тој.
„Сакаше да биде пиротехничар“, вели Никола, смешкајќи се со олеснување.
„Имав среќа, бидејќи моето семејство беше со мене поголемиот дел од времето. Кога децата отидоа на училиште, беше тешко. Бев сам тука, два месеци на светилникот и два месеци со нив. Надокнадувавме за време на летата”, вели тој.
„Оваа работа е како да сте морнар. Ви влегува под кожа, така да не можете да живете без неа. И мора да го сакате морето. Ако не, тогаш ова не е за вас“.
Почетокот на смената на Томислав на светилникот му овозможува на Војо Шаин (50) да ја заврши неговата. Потемнет, со спортска градба и темна коса, тој се спушта надолу до плажата за да се врати назад на Корчула.
Соседи
На патот назад, бродот застанува да ги истовари резервите на островот Сушац. Население: двајца светилничари и еден пастир. Еден од светилничарите е синот на Војо, Иво, кого бродот претходно го истовари за да започне со неговата смена.
„Мојот син и јас сме соседи, но никогаш не се гледаме. Мило ми е што успеа да ја добие оваа работа. Со две мали деца, и потекло од остров, ова е добро решение“, вели Војо.
Таткото и синот споделуваат неколку мали скриени солзи и силна прегратка. Тие си поставуваат прашања и одговараат истовремено. Нивните зборови се едноставни и секојдневни, но не ги одвојуваат очите еден од друг.
„Еј! Што има ново?“
„Ништо, тато“.
Иво Шаин и неговиот татко Војо
Иво е најмладиот чувар на светилник на Јадранот. Тој има само 22 години, а веќе има жена и две мали девојчиња.
„Мојата помала ќерка има само два месеци, постарата има година и пол. Таман, ќе се навикне на моето присуство, морам да се спакувам и да одам. Јас сум како странец секој пат кога ќе се вратам дома на Корчула. Но, ќе се навикнам на тоа, сите ќе се навикнеме на тоа… “, вели Иво.
Што рекла неговата мајка кога станал чувар на светилник, кога веќе имале еден во семејството?
„Всушност, моите родители се разведени. И тоа заради светилникот. Но, сето тоа зависи од тоа какви луѓе сме. Не секој што работи на светилник се разведува, но и сите што живеат заедно не секогаш остануваат заедно“, вели тој.
Грчката борба со островските дилеми
Хрватите не се единствените Европејци што се обидуваат да го смислат најдобриот начин за да го задржат островскиот живот во 21-от век. Со околу 6.000 острови, од кои 227 се населени, Грција се соочува со слични предизвици: како да се поттикне туризмот и економскиот развој, а истовремено да се заштити животната средина и локалните традиции.
Серифос, дел од Западните Киклади, група на острови во Егејското Море, бележи големи промени во текот на изминативе децении.
„Порано немаше патишта, електрична енергија, автомобили и немаше туризам тука. Беше митско место за нас, каде што можевме да бидеме апсолутно слободни”, вели Јоанис Спиланис, универзитетски професор кој во детството уживал во летата на Серифос и оттогаш го има поминато поголемиот дел од своето слободно време на островот.
Во првата половина од 20-от век, многу луѓе на Серифос работеле во рудникот за железна руда. Денес повеќето заработуваат од туризмот и градежништвото. Бројот на куќи на островот двојно се зголемил во последните 30 години, при што повеќето нови куќи се изградени за да се издаваат на туристи, вели Спиланис.
Јонанис Спилианис: Не сум сигурен
дека грчките или хрватските
острови може уште долго да
бидат конкурентни
Спиланис е професор во Одделот за студии за животната средина на Егејскиот Универзитет. Тој живее на островот Лезбос и го има посветено поголемиот дел од својата кариера на проучување на островите, истражување на економскиот развој, животната средина, планирањето и туризмот.
Тој и неговите колеги работат за да дизајнираат систем со кој детално ќе се измери економското и општественото влијание на туризмот, до нивото колку вода трошат туристите и колку ѓубре произведуваат.
Само тогаш, смета Спиланис, ќе биде можно да се знае колку туризмот може да се прошири пред неговите недостатоци да ги надминат неговите придобивки.
Тој вели дека сегашниот развој на грчките острови не е одржлив, бидејќи зависи претежно од туризмот и увозот. Околу 99 проценти од стоката што се консумира на грчките острови се увезува, главно од Атина, вели тој.
Тој сугерира дека европските острови можат да го изгубат туристичкиот пазар заради некои подалечни дестинации, каде што туристите можат да уживаат во евтин одмор и гарантирано убаво време преку целата година.
„Постои голема разлика помеѓу европските и другите, како на пример азиски острови, каде што цените се сосема различни, многу пониски”, вели тој во едно кафуле во близина на пристаништето. „Не сум сигурен дека грчките или хрватските острови може уште долго да бидат конкурентни”.
Светилникот на Серифос
Антонис Вентурис (35) е чувар на светилникот на Серифос. Неговиот татко, исто така, бил чувар на светилникот. Неговата сопруга и ќерка живеат на блискиот остров.
Грчкиот национален фудбалски тим игра со Колумбија на Светското првенство во Бразил, но Вентурис е надвор, се обидува да ги смири неговите нерви. Серифос е добро место за смирување.
„Може да се напише книга тука во текот на зимата“, вели Антонис. „Можете да ги напишете сите книги тука“.
Нашиот разговор е испрекинат со долги периоди на тишина додека зјапаме во морето.
За време на вечерата во еден таверна, отворена неодамна од страна на еден рибар и неговото семејство, група локални жители нарачуваат јадења „за масата” како што се риба, фета сирење, сушени домати и модри патлиџани. Тие пијат пиво и узо и разговараат за животот на островот.
Исто како и во Хрватска, нивните главни проблеми се пристапот до добро образование и здравствена заштита.
„Се плашам ако мислам премногу за здравствената заштита дека ќе почнам да имам проблеми со срцето, и тогаш ќе бидам во вистинска неволја”, се шегува Манолис Пелопонисиос, 57-годишен хотелиер кој има 14-месечна ќерка.
Грција има поинаков пристап од Хрватска кон образованието за островјаните. Средни училишта има речиси на секој населен остров, вклучувајќи го и Серифос, со население од само 1.400 жители. Хрватска има средни училиштата само на неколку поголеми острови, најчесто оние кои преку мостови се поврзани со копното.
Стеснета визија
Назад на хрватскиот остров Дуги Оток, каде што „Звоне светилничарот“ се грижи за светилникот, долгогодишниот локален жител Иво Јуранов (70) признава дека изградбата на средно училиште не може да се оправда во моментот.
„Нема доволно деца. Да останеа луѓето, ќе беше поинаку“, вели тој во неговиот дом со поглед на пристаништето во селото Божава. „Сега треба да ги вратиме назад“.
Локалните власти инсистираат на тоа дека работат напорно за да им помогнат на островите. Откако се приклучи кон Европската унија минатата година, како една од нејзините најсиромашни земји членки, Хрватска е насочена кон барање помош од ЕУ преку инфраструктурни проекти.
„Ние се трудиме колку што можеме да ги поврземе островите со копното, како и островите едни со други. Не е лесно со финансиите, но се надеваме дека фондовите на ЕУ ќе бидат решение”, вели Давор Лониќ, раководител на одделот за развој во Задарската жупанија.
Еден голем план поддржан од локалната самоуправа предвидува изградба на подводни тунели. Но, локалните жители се скептични околу тоа дали воопшто некогаш ќе се случи.
Во блиска иднина, младите жители на островот сѐ уште ќе мора да се преселуваат на копното на возраст од 14 години за да одат во средно училиште, исто како што ќерката на Звонимир, чуварот на светилникот, Ивана има направено. Таа сега живее со својата мајка во Задар.
„Сакав да останам на островот откако моите родители се разведоа. Моето детство беше убаво, но за човек на моја возраст сега, особено во текот на зимата, многу е тешко”, вели Ивана.
“Немав друштво, па сега сум среќна што ќе се преселам. Иако ќе ми недостига мојот татко”.
Ивана сако да учи странски јазици и да студира архитектура.
„Кога ќе пораснам навистина сакам да живеам на остров. Само не знам дали до тогаш ќе се подобрат условите”, вели таа.
Како и нејзиниот татко, на почетокот од секој ден, и Ивана се качува по скали. Шеесет и осум чекори, нагоре по скалите во училишната зграда каде што е нејзината училница.
Можеби еден ден таа ќе проектира зграда за средно училиште на Дуги Оток?
„Можеби“, вели таа. „Зошто да не ?!“