Помалку содржина без каква и да е илустрација: За разлика од 2013 година кога 21% од написите од поширок општествен интерес воопшто немале каква и да е фотографија или видео илустрација, во 2016 година овој процент е намален на 7%.
Дури 42% од написите се илустрирани со оригинална или автентична фотографија или снимки директно поврзани со она за што се пишува во нив. Половина од написите, односно 51%, се илустрирани со општа фотографија која е поврзана и ја следи темата, а само 7% не содржат никаква фотографија или илустрација.
Ваквата состојба, иако значи подобрување во однос на 2013 година кога дури 21% од написите немаа каква и да е фотографија или илустрација, сепак и натаму е далеку од задоволителна, бидејќи за темите од поширок општествен интерес е од исклучителна важност секогаш кога е тоа можно да бидат поткрепени со оригинални фотографии/снимки кои им помагаат на граѓаните појасно и поцелосно да ја разберат проблематиката и подобро да бидат информирани.