Меѓу најзначајните подобрувања: Значително е подобрена состојбата со бројот на изворите во анализираните написи во 2016 година во однос на 2013 година. Зголемен е бројот на написите со два извора, а намален бројот на написите со еден извор и без извори.
Во 39% од написите има само еден извор, додека само 2% немаат ниту еден извор. Со два извора се 36% од написите, додека три и повеќе извори има во 23% од написите. Именување на изворите и припишување потекло на информациите се меѓу основните правила на професионалното новинарство што на написите им дава веродостојност и кредибилитет.
Споредено со резултатите од мониторингот на начинот на којшто медиумите известувале за темите од поширок интерес спроведен во 2013 година, има значително подобрување кај бројот на изворите во написите. Зголемено е учеството на написите со два извора од 17% на 36%, а намален е бројот на написите со еден извор од 53% на 39% и на оние без извори од 7% на 2%.