Регион

Оливер Ивановиќ доби улица во Северна Митровица

Оливер Ивановиќ. Фото: Андреј Цукиќ/EПA

Филип Рудиќ |БИРН| Белград

Собранието на Северна Митровица донесе одлука, една од улиците во овој град, да биде именувана по убиениот политичар, Оливер Ивановиќ, додека неговата партија „Слобода, демократија, правда“, соопшти дека изборот на улицата е против желбите на семејството и на граѓаните.

Портпаролот на партијата, Ксенија Божовиќ, изјави дека мнозинството советници во Собранието, предводена од партијата Српска листа, која има поддршка од Белград, го надгласале нивниот предлог, името на Ивановиќ да го добие улицата во која тој е убие, наместо сегашната улица која се наоѓа во Бошњачко маало.

„Ниту граѓаните, ниту семејството, ниту политичките другари не беа испочитувани“, вели Божовиќ за БИРН.

Ивановиќ беше убиен пред седиштето на неговата партија на 16 јануари 2018 година. Кратко потоа почина во болница. Досега, истрагата не посочи ниту едно осомничено лице, ниту пак некој е уапсен.

Ивановиќ во интервју за БИРН, во октомври 2017 година, го именува Милан Радоичиќ, собирач на долгови и сопственик на камиони, кој оттогаш стана висок функционер на Српска листа, како клучна фигура во застрашувачкиот систем на власт во северно Косово.

Радоичиќ одби да разговара со БИРН и да ги коментира наводите на Ивановиќ.