Вести

Оливер Ивановиќ убиен во Митровица

Маја Живановиќ БИРН Белград

Шиќири Сила, главен обвинител на Основното обвинителство во Митровица, за БИРН потврди дека Оливер Ивановиќ починал, откако во вторникот, пред седиштето на неговата партија, во него биле испукани четири куршуми.

Смртта на Ивановиќ ја потврдија уште два извора.

Полицијата на Косово досега не објави никакво соопштение.

На Ивановиќ, поранешен претставник на Владата на Србија и лидер на политичката партија „Слобода, демократија и правда“, му се судеше за воени злосторства, бидејќи наводно дал наредба за убиство на Албанци во Митровица, во 1999 година.