Регион

Осомничен за воени злосторства екстрадиран од Франција во БиХ

Емина Диздаревиќ, Сараево

Радомир Шушњар, по екстрадицијата во Сараево. Фото: Обвинителство на БиХ

Радомир Шушњар, наречен „Лалцо“, обвинет за злосторства над цивили, извршени во јуни 1992 година во областа на Вишеград, се појави во понеделникот пред судот во Сараево, откако еден ден предходно беше екстрадиран од Франција.

Тој е обвинет за учество во незаконско притворање на бошњачки цивили од селото Коритник, во една куќа во улица „Пионерска“ во Вишеград, по што куќата била запалена.

Потоа, обвинетиот, заедно со други припадници на ВРС и на паравоени формации, пукале во куќата, за да ги спречат цивилите да избегаат.

„Владата на Република Франција го задоволи барањето на Обвинителството на БиХ и на правосудството на нашата земја и од Париз беше екстрадиран и предаден на правосудството на БиХ, обвинетиот Радомир Шушњар, наречена Лалцо“, соопшти обвинителството.

Обвинетиот живеел во Франција долги години, каде што бил лоциран за време на истрагата на Обвинителството на БиХ.

Новинската агенција Франс прес (АФП) пишува дека Шушњар првично бил уапсен во 2014 година. Набрзо бил ослободен, но бил ставен под надзор на судот, сѐ до неговото повторно апсење овој месец во Сена -Сен Дени, северно од Париз.