Регион

Осомничен за воени злосторства од БиХ избега во Хрватска

Адмир Муслимовиќ, Сараево

Мостот во Коњиц | Фото: Викимедиа

Зденко Грбавац, обвинет за прогон на Србите во регионот на Коњиќ, 1992-1993, ја напушти Босна и Херцеговина и избега во Хрватска, откако беше ослободен од притвор, соопшти обвинителството.

Сослушувањето што во предметот за воени злосторства требаше да се одржи во Сараево, беше одложено, бидејќи обвинетиот поранешен борец, Зденко Грбавац, избега во Хрватска, откако беше ослободен од притвор, во кој беше три месеци, соопшти обвинителството на БиХ.

Грбавац, заедно со уште 12 други лица, се терети за прогон на српското население во регионот на градот Коњиќ, во 1992 и 1993 година, со убиства на неколку десетици цивили, силување, тортура и други нехумани дела.

Во обвинението се наведува дека тие се одговорни и за незаконско приведување на голема група Срби од Коњиц и околните села.

Грбавац беше уапсен во декември, а со него се обвинети и Есад и Аган Рамиќ, Шефик Никшиќ, Аднан Аликадиќ, Митко Пиркиќ, Реџо Балиќ, Хамед Лукомирко, Сафаудин Ќосиќ, Мухамед Чакиќ, Исмет Хебибовиќ, Алмир Падаловиќ, Енес Јахиќ, Сенадин Ќибо, Жељко Симуновиќ и Омер Бориќ.

Според обвинението, тие, злосторствата ги извршиле во својство на команданти или припадници на Армијата на Босна и Херцеговина, на територијалната одбрана, на Хрватскиот совет за одбрана, на полицијата или на паравоени групи.