Регион

Осомничените за воени злосторства може да бидат уапсени ако одат на одмор во Хрватска

Маја Живановиќ, Белград

Граничниот премин Батровци, на границата меѓу Србија и Хрватска. Фото: ЕПА/Давор Ерцег

Претседателот на невладината организација „Веритас“, Саво Штрбиќ, изјави дека Хрватска го интензивирала апсењето на Србите, осомничени за наводни воени злосторства, поради што воените ветерани треба да бидат внимателни при преминувањето на границата со оваа држава.

„Во просек бележиме до 10 апсења во летната сезона, во зависност од годината”, вели Штрбац за БИРН.

Неговата изјава доаѓа по објавата дека на граничниот премин Батровци меѓу Србија и Хрватска, во неделата е уапсен српскиот државјанин, Душко Гаќеша, кој е обвинет за наводни воени злосторства извршени врз цивили, во хрватската општина Бенковац, во деведесеттите години.

Министрите за правда на Србија и на Хрватска, во март се договорија дека овие две држави ќе разменуваат досиеја за лицата осомничени за воени злосторства, со цел да се избегне, како што рече хрватскиот министер, Дражен Бошњаковиќ, „непријатната ситуација” на границата.

Штрбац додаде дека српските воени ветерани и поранешните војници треба да проверат дали се наоѓаат на списокот.

„Распрашувајте се наоколу, ангажирајте адвокати, сите знаете каде сте биле и што сте правеле”, советуваше тој.