„Во своето барање (Ќириќ) вели дека го исполнува формалниот услов за предвремена слобода, бидејќи отслужил две третини од својата казна“, изјави на сослушувањето, судијата претседавач, Вера Вукотиќ.
Ќириќ, во 2014 година, беше осуден на 15 години затвор, но судот оваа казна му ја обедини со претходната, што тој ја издржуваше од 2005 година, а која во друг предмет му беше изречена за силување, така што, неговата казна од 15 години затвор, истекува во 2020.
Обвинителството за воени злосторства на Србија изјави дека Ќириќ треба да си ги отслужи преостанатите две години и 10 месеци.
„Тој е повеќекратен сторител кој е осуден вкупно седум пати“, изјави претставникот на обвинителството, Душан Кнежевиќ.
Судот дополнително ќе донесе одлука за барањето на Ќириќ.
Масакрот на фармата Овчара се случи по падот на Вуковар во рацете на Југословенската народна армија и на српските паравоени сили, кон крајот на 1991 година.
Ќириќ беше прогласен за виновен за тепање на хрватските воени затвореници и за учество во нивното убиство на фармата Овчара и во близина на селото Грабово.
Во јануари оваа година, исто така, поради масакрот на Овчара, на вкупно 101 година затвор, пред судот во Србија беа осудени осум поранешни припадници на територијалната одбрана на српските сили во Вуковар.