Судот на БиХ во четврток го потврди обвинението против Далибор Максимовиќ, поранешен член на територијалната одбрана (ТО) на Милиќи, за убиство на четворица бошњачки цивили, извршено во април 1992 година.
Убиствата се случиле во објект во Зворник, во кој била стационирана полициската станица на босанските Срби и воената единица од Милиќи.
Како што соопшти Обвинителството на БиХ, Максимовиќ, облечен во маскирна униформа и вооружен со автоматска пушка, влегол во овој објект и ги убил цивилите кои биле притворени таму.
„Телата на убиените цивили беа пронајдени во масовната гробница Казанбаша кај Зворник, во 2003 година, по што беа ексхумирани и идентификувани“, соопшти Обвинителството на БиХ.