Регион

Поранешен припадник на ВРС, ослободен од обвинението за сексуално злоставување

Емина Диздаревиќ, Сараево

Ненад Перовиќ (стои) во судница | Фото: Суд БиХ

Поранешниот припадник на Војската на Република Српска (ВРС), Ненад Перовиќ, е ослободен од обвинението дека во летото 1992 година, помагал во силување на една жена и дека сексуално злоставувал друга, во селото Добрашина, во близина на босанскиот град Рогатица.

Судот на Босна и Херцеговина го ослободи Ненад Перовиќ од обвинението дека му помогнал на непознат војник да силува жена, во ноќта помеѓу 2 и 3 август 1992 година, во селото Добрашина.

Тој беше ослободен и од обвинението дека истата ноќ сексуално злоставувал друга жена.

Судијата претседавач, Лејла Коњиќ-Драговиќ, изјави дека судскиот совет сметал оти исказите на двете жртви биле „контрадикторни, несигурни и неуверливи“.

Пресудата е неправосилна и на неа може да се поднесе жалба.