Судот на Босна и Херцеговина, го прогласи Бошко Девиќ за виновен за учество во убиство на четворица Бошњаци, во селото Горњи Камичак, на подрачјето на Кључ, на 11 август 1992 година.
Според заклучокот на судскиот совет, Девиќ ова убиство го извршил во рамките на широк и систематски напад на војската, полицијата и на паравоените формации на Република Српска, врз цивилите од бошњачка и хрватска националност, во областа Кључ.
Како што изјави претседателот на советот, Шабан Максумиќ, загинувањето на српските полицајци, кое му претходело на убиството на Бошњаците, а на кое се повикувала одбраната, придонело за напнатост и било еден вид на иницијална каписла, но оти насилството врз Бошњаците кое следело, е над овој изолиран настан.
Советот, врз основа на исказите на сведоците, заклучи дека Девиќ и уште тројца војници, дошле во Горњи Камичак и извеле четворица мажи надвор од нивните куќи, по што ги убиле. Нивните осакатени тела биле пронајдени еден ден подоцна.
При изрекувањето на казната, советот ја ценеше бруталноста на делото и сакатењето на телата. Предвид е земено и тоа што обвинетиот не го презел дејството самостојно, но и тоа што тој не изразил насогласување.
На оваа пресуда може да се вложи жалба.