Регион

Поранешeн српски полицаец обвинет за воено силување во Косово

Зоран Вукотиќ (стои) во Основниот суд во Митровица, во текот на судењето во 2018 година. Фото: БИРН

Специјалното обвинителство на Косово, денеска поднесе обвинение против Зоран Вукотиќ, со кое го товари за силување и учество во протерување на албански цивили од Вучитрн.

Во обвинението се вели дека на 22 мај 1999 година, Вукотиќ и другите српски полицајци „учествувале во депортација на албански цивили во Вучитрн“ и дека против нив користеле физичко насилство.

Тој ја силувал својата жртва „како дел од поширок и систематски напад врз жените Албанки“.

Министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу, го поздрави обвинението.

„Време е да се решат воените злосторства. Злосторниците треба да бидат изведени пред лицето на правдата!“, напиша таа на Фејсбук.

Вукотиќ веќе издржува казна од шест и пол години затвор за воени злосторства, откако во друг предмет, во мај 2018 година, беше прогласен за виновен.

Тој беше осуден за незаконско затворање, тепање и мачење на албански затвореници, во затворот Смреконица, во регионот на Митровица, од мај до почетокот на јуни 1999 година.

Вукотиќ, во ноември 2016 година, беше екстрадиран во Косово од Црна Гора.