Судот на Босна и Херцеговина ја осуди Елфета Весели, на десет години затвор, за убиство на 12-годишното момче, Слободан Стојановиќ, на неодреден датум во јули или на почетокот на август 1992 година, во село Бајриќи-Ново село.
„Судскиот совет утврди дека Весели, убиството на момчето го извршила со директна умисла, пукајќи му во главата од непосредна близина“, изјави судијата претседавач, Дарко Самарџиќ.
Според обвинението, Весели го убила момчето, заради одмазда за убиството на нејзиниот татко. Ова тврдење на обвинителството, Весели го негираше, и изјави дека за смртта на татко си, дознала откако на момчето му се изгубила секоја трага.
Со истата пресуда, Судот на БиХ го ослободи бившиот командант на диверзантскиот одред на командата на здружените единици Липње, Каменица, Сакиб Халиловиќ, од обвиненијата дека го набљудувал убиството на момчето и дека не презел неопходни мерки, за да го казни извршителот на убиството.
Одбраната, за време на судењето, спореше дека Весели била член на било каква воена единица и изјави дека таа никогаш не учествувала во војната.
Но, судот го отфрли овој аргумент на одбраната.
„Советот, анализирајќи ги сите презентирани докази, утврди оти диверзантскиот одред на командата на здружените единици Липње, Каменица, постоел и дека Весели била припадник на водот, а Халиловиќ командир“, рече Самарџиќ.
Весели беше екстрадирана во БиХ од Швајцарија во 2016 година.
На оваа пресуда може да е поднесе жалба.