Судот на БиХ во четврток го потврди обвинението против Бранко Цигој, Жељко Тадиќ, Саша Бошкиќ и Милорад Гламочак, за воени злосторства извршени врз цивили кај Доњи Вакуф.
Како што соопшти судот потврдено е обвинението кои ги товари за убиство на 28 цивили од бошњачка и хрватска националност, извршено во селото Оборци, централна Босна, во втората половина на септември 1995 година. Жртвите биле од соседниот Мркоњиќ град.
Сите четворица, како припадници на извидничкиот вод при 11 лесна пешадиска бригада на ВРС, се обвинети дека извршиле воени злосторства над цивили.
Тие, според Обвинителството на БиХ, ги зеле цивилите од објектот за притвор во Оборци, а потоа ги стрелале.
Гламочак, врз основа на командна одговорност, се товари дека знаел за наредбата за убиство на цивилите, но оти не направил ништо за да го спречи тоа.
Тој, исто така, е обвинет дека не сторил ништо за да ги идентификува и да ги казни сторителите на злосторството.