Вести

Повеќе од пет илјади студенти маршираат против реформите

Ниту новинарите ниту присутните студенти на протестот не можат да се поврзат на дигиталните мобилни телефонски мрежи. Со тоа не можат да комуницираат, да споделуваат фотографии или да се организираат преку социјалните мрежи

Скоро сите учесници на денешните студентски протести не можат да се поврзат на дигиталните мобилни телефонски мрежи, а со тоа ни на интернет. Ниту новинарите, ниту присутните демонстранти не можат да се јават никому, ниту можат да испратат пораки, а што е најбитно, не можат да споделат фотографии, или, пак, да се организираат преку социјалните мрежи. Засега е непознато дали некој намерно ја оневозможил мрежата или тоа е случајност.

Инаку, повеќе илјади студенти денеска на пладне го започнаа својот втор протест против најавените реформи во образованието кои вклучуваат екстерни тестирања наметнати од страна на Министерството за образование.

Повеќето од демонстрантите носат црвени обрачи на своите глави и извикуваат „Сега заокружи ме“ | Фото: М.Јордановска

Повеќето од демонстрантите носат црвени обрачи на своите глави и извикуваат „Сега заокружи ме“ | Фото: М.Јордановска

„И од образованието сакате да направите споменик?“, „Студентот има должност да го заштити факултетот од владата“, „Не ни ја сечете иднината“, „Сакам дома да живеам“, „Преку индексот ни е“ „Индекс имам, права немам“, се само дел од транспарентите кои ги носат студентите на денешниот протест. Меѓу нив има транспарентни испишани на македонски, албански и англиски јазик. Покрај студентите, во протестот се приклучија и обични граѓани, кои во знак на поддршка ги извадија своите стари и ндекси и гордо ги покажаа пред камерите.

Граѓани на Скопје, покажувајќи ги своите индекси, се придружија на протестот и им дадоа поддршка на студентите | Фото: М.Јордановска

Граѓани на Скопје, покажувајќи ги своите индекси, се придружија на протестот и им дадоа поддршка на студентите | Фото: М.Јордановска

Повеќето од демонстрантите носат црвени обрачи на своите глави и извикуваат „Сега заокружи ме“ алудирајќи на еден интернет портал на кој во еден текст за првиот протест на студентите, дел од нив беа заокружени со кругови во црвена боја и идентификувани.

Самите студенти на Твитер го коментираат протестот:

За да ги следите подетално мислењата на студентите на социјалната мрежа твитер, можете во продолжение да погледнете што сè тие твитаат на хаш-тагот #СтудентскиМарш