Каде се кријат истражувачките приказни и како да ги најдете? Какви сѐ пoдатоци има на располагање со неколку клика за влијателните фактори во бизнисот, политиката и во општеството? Што има во домашните бази на податоци, а што во странските и меѓународните? Како успешно да се ориентирате во мноштвото информации за да дојдете до тоа што ви е потребно? Како да ги соберете сите делови од сложувалката и да проверите дали се на вистинското место? Како да ја составите приказната на крајот?
Сето ова можете да го дознаете на обуката што ја организира Балканската истражувачка репортерска мрежа- БИРН.
Дводневната обука „Истражување нелегални финансиски текови” ќе се одржи на 20 и 21.05.2023 во Маврово. На неа ќе можете да стекнете знаења и вештини за:
– Наоѓање истражувачки приказни
– Пребарување податоци за влијателни фактори во бизнисот, политиката и општеството
– Корупција во јавни набавки
– Домашни и странски бази на податоци
– Навигирање низ морето на податоци од информации достапни онлајн
– Вкрстување податоци од разни извори
– Истражување офшор компании
– Пишување и пренесување на приказната
Сите заинтересирани новинари треба да ја пополнат следнава апликација најдоцна до 08.05.2023 година. За сите дополнителни прашања може да се обратите на [email protected].