Регион

Шешељ осуден за воени злосторства

Воислав Шешељ. Фото: ЕПА/Коча Сулејмановиќ

Денис Џидиќ | БИРНХаг
 
Судот во Хаг, во жалбена постапка, ја поништи ослободителната пресуда на лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ и го осуди на 10 години затвор.
 
Механизмот за меѓународни кривични трибунали (MМКТ) во среда во Хаг го осуди Воислав Шешељ на десет години затвор, за поттикнување на злосторства во Војводина, за време на војната. Сепак, судот соопшти дека Шешељ веќе ја издржал казната, бидејќи во неа се пресметува и времето што тој го поминал во притворот на Хашкиот трибунал, во кој се најде во 2003 година.
 
Жалбата на обвинителството против делот од ослободителната пресуда со кој Шешељ беше ослободен од обвинението за воени злосторства во Босна и Херцеговина и во Хрватска, беше одбиена. Наскоро следат нови информации