Регион

Србија најави жалба на одлуката за екстрадиција на радикалите во Хаг

Вјерица Радета. Фото: Српска радикална партија

Министерката за правда, Нела Кубуровиќ, денеска изјави дека е „лицемерно“ од Хаг да каже дека сведоците не смеат да се појават пред судот во Белград, и дека поради тоа на радикалите мора да им се суди во Хаг.

„Србија има право да поднесе жалба, таа ова ќе го оспори“, рече Кубуровиќ, објави телевизија Хепи.

ММКТ, претходно овој месец, ја повлече одлуката со која постапката за непочитување на судот, против Петар Јојиќ и Вјерица Радета, ѝ се префрла на Србија, со образложение дека сведоците во овој случај изјавиле оти немаат доверба во српското судство.

„Одбивањето на сведоците да сведочат во Србија, суштински ќе го спречи обвинителство да го изнесе својот случај и ќе ја одложи постапката“, се вели во одлуката на ММКТ.

Јојиќ и Радета, членови на СРС, се обвинети за непочитување на Хашкиот трибунал, поради тоа што влијаеле на сведоците во процесот што во Хаг се водеше против нивниот партиски лидер, Воислав Шешељ.

Според обвинението, тие со закани, уцени и поткуп ги убедувале сведоците, да ги сменат своите искази или да не сведочат.

Шешељ, во април 2018 година, беше прогласен за виновен за воени злосторства и беше осуден на десет години затвор. Но, во затвор нема да оди, бидејќи повеќе од 11 години помина во притвор. Шешељ денес е пратеник во Собранието на Србија и одби да се врати во Хашкиот трибунал на изрекување на пресудата.

Инаку, помеѓу Трибуналот и Србија се водеше долготраен спор околу апсењето и екстрадицијата на двајцата радикали.

Во јануари 2015 година, Трибуналот издаде потерница за нивно апсење.

Сепак, Советот за воени злосторства при Вишиот суд во Белград, во мај 2016 година, одлучи дека не постои правна основа за екстрадиција на радикалите, бидејќи српските власти можат да екстрадираат само лица кои Трибуналот ги бара за воени злосторства, а не и за непочитување на судот.

Трибуналот во октомври 2016 издаде меѓународна потерница по Јојиќ и Радета, наведувајќи оти Србија во неколку наврати одбила да се усогласи со судскиот налог, и да го уапси и екстрадира во Хаг двајцата радикали.

Потоа, Интерпол издаде „црвена потерница“ по Јојиќ и Радета.

Трибуналот неколкупати пред Советот за безбедност посочи дека Србија не соработува во овој случај.

Трибуналот потоа одлучи да ја префрли постапката во Србија, која одлука овој месец ја повлече, откако сведоците во нивниот предмет изјавија дека се загрижени за безбедноста и приватноста на нивните семејства.

Третообвинетиот во овој предмет, Јово Остојиќ, почина во Србија во 2017 годин