Актуелно

Средношколски пленум: Од нас треба да се плашите

Средношколскиот пленум, и покрај огромните притисоци, организираше протестен марш на кој се појавија повеќе илјади средношколци и пред Министерството за образование го искажаа своето незадоволство од „лошите реформи“, екстерното тестирање и полагањето матура.

Повеќе илјадници средношколци маршот го почнаа од Градскиот парк па продолжија до Министерството за образование, односно зградата на НИП „Нова Македонија“, каде ги соопштија нивните барања | Фото: С.Ј.Марушиќ

Повеќе илјадници средношколци маршот го почнаа од Градскиот парк па продолжија до Министерството за образование, односно зградата на НИП „Нова Македонија“, каде ги соопштија нивните барања | Фото: С.Ј.Марушиќ

Охрабрени од успехот на нивните колеги од Студентскиот пленум, кои преку окупација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, издејствуваа работа на комплетно нов Закон за високо образование без државно тестирање, средношколците во земјава се организираа во Средношколски форум и денеска организираа сличен марш против екстерното тестирање во средните училишта во Македонија.

Тие бараат сите одредби од Законот за средно образование кои предвидуваат екстерно тестирање да бидат ставени во мирување и тие да се вклучат во процесот на одлучување. Исто така, бараат и да се смени концептот на полагање матура, каде се воведе математика како задолжителен предмет кој сите средношколци треба да го полагаат.

Евгенија Јанакиевска од Корчагин, членка на Средношколски пленум вели дека нивното присуство на улиците на Скопје покажува дека тие се „позитивна нус-појава“ на целта на власта, да „направи нација на медиокритети“.

„Ние сме иднината“, „Сега ќе не слушнете“, „Доста беше молк“, „Не за новиот концепт на матурата“, „Ќе паднам матура заедно со системот“, „Мамо зошто не ме роди година порано“, се само дел од пораките | Фото: С.Ј.Марушиќ

„Ние сме иднината“, „Сега ќе не слушнете“, „Доста беше молк“, „Не за новиот концепт на матурата“, „Ќе паднам матура заедно со системот“, „Мамо зошто не ме роди година порано“, се само дел од пораките | Фото: С.Ј.Марушиќ

„Денови ли се денови, средношколски маки големи! Ние не сме некои кои можат да бидат лесно игнорирани и манипулирани. Баталете ги сите политички партии, ние сме вашата закана, од нас треба да се плашите“, изјави Јанакиеска.

ВМРО-НП ги поддржува средношколците Унијата на млади сили на ВМРО-НП, од општинскиот комитет во Тетово, соопшти дека целосно ги поддржува протестите на средношколците. Тие се загрижени заради „континуираната црна кампања насочена кон средношколскиот пленум, кој е и организатор на средношколските протести“.

По поплаки од некои ученици и нивните родители, тие дознале дека во неколку средни училишта од Тетово наставниците и директорите се обидувале да ги одвратат учениците од намерата да го поддржат протестот на средношколците.

Таа вели дека власта се обидела од средношколците да направи „апатични адолесценти, кои што ќе бидат дел од целата летаргична турлитава“, што е директен напад на правото на избор. „Се обидовте од нас да направите сервилни конформисти кои ќе го произведуваат вашето лицемерие. Хомогена маса со помош на вашата демагогија. Се обидовте нашиот интелектуален распон да го спакувате во 30 прашања“, додаде таа.

Повеќе илјадници средношколци маршот го почнаа од Градскиот парк па продолжија до Министерството за образование, односно зградата на НИП „Нова Македонија“, каде ги соопштија нивните барања.

Тие, покрај другото, бараат да се напушти концептот на матурата. Меѓу транспарентите можеше да се прочита: „Експериментални глувци од генерацијата 96/97“, „Ние сме иднината“, „Сега ќе не слушнете“, „Доста беше молк“, „Не за новиот концепт на матурата“, „Ќе паднам матура заедно со системот“, „Мамо зошто не ме роди година порано“.

„Континуираната проверка на знаењето и способноста на ученикот низ целата школска година не може и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа“, велат од пленумот

„Континуираната проверка на знаењето и способноста на ученикот низ целата школска година не може и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа“, велат од пленумот

Покрај Скопје, сличен средношколски марш се одржа во повеќе градови во земјава, Струга, Струмица, Кочани, Неготино, Велес, Тетово, Кавадарци.

Според Средношколскиот пленум, екстерното тестирање е спротивно на европските едукативни стандарди и ваквите „реформи“ нема да ги решат туку ќе ги продлабочат образовните проблеми. „Континуираната проверка на знаењето и способноста на ученикот низ целата школска година не може и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа“, велат од пленумот.