Регион

Судот на БиХ зголеми затворска казна за злосторства во Босански Брод

Алминко Исламовиќ. Фото: БИРН

Апелацискиот совет на Судот на БиХ му ја зголеми казната на Алминко Исламовиќ, од 14 месеци на три години затвор, поради  нехумано постапување со српски цивили и отуѓување на нивниот имот, на подрачјето на Босански Брод, за време на војната во БиХ, 1992-1995.

Судот на БиХ соопшти дека жалбата на Обвинителството на БиХ е делумно прифатена и казната е зголемена, додека остатокот од првостепената пресуда е потврден.

Со оваа пресуда, жалбата на одбраната беше одбиена како неоснована.

Со првостепена пресуда од април годинава, Исламовиќ беше осуден на една година и два месеци затвор, поради нехумано постапување со српски цивили и отуѓување на нивниот имот, на подрачјето на Босански Брод, како и за минирање и палење на верски и културни споменици и куќи на српски граѓани.

Оваа пресуда не може да се обжали.