Регион

Тринаесет години затвор за убиство на Бошњаци од исто семејство

Сретко Павиќ (стои) во судница. Фото: Суд на БиХ

Марија Таусан | Сараево

Судот на Босна и Херцеговина го прогласи денеска Павиќ за виновен за учество во убиство на пет цивили во селото Ризвановиќи, во близина на Приедор, во втората половина на јули 1992 година и го осуди на 13 години затвор.

Според пресудата, цивилите, сите членови на семејството Чаушевиќ, биле пронајдени во шума и затворени во објект, веднаш до контролниот пункт во Ризвановиќи.

Еден ден подоцна, како што утврди судскиот совет, Павиќ, и сега покојниот Перо Стевандиќ, исто така член на ВРС, ги зеле цивилите и ги убиле во близина на училиштето.

Претседателот на советот, Минка Крехо, потсети на сведочењето на сведокот кој ги видел обвинетиот и Стевандиќ како ги водат цивилите од семејството Чаушевиќ, по што чул рафални истрели.

Крехо нагласи дека „сведоците на одбраната, вклучувајќи го и обвинетиот, не ги довеле во прашање доказите за вмешаноста на обвинетиот во убиствата“.

Со анализа на изведените докази, судскиот совет заклучи дека Павиќ, како припадник на воларската чета на шестиот љубиски баталјон, бил свесен за сеопфатниот и систематски напад врз несрпското население.

На оваа првостепена пресуда може да се поднесе жалба.