Регион

Тужба против БиХ за отштета

Албина Соргуч, Сараево

Судот на БиХ. Фото: БИРН

Адвокатката на Главаш, Бранка Праљак, пред судот на БиХ, во средата изјави, дека нејзиниот клиент, кој беше ослободен од обвинението за воени злосторства и за силување на две жени во босанскиот град Оџак, во 1992 година, ја тужи државата заради загубената заработка, бидејќи пред да биде притворен, работел во Швајцарија.
 
Таа посочи дека Главаш и претходно ја тужел БиХ и оти минатата година била донесена пресуда, со која му биле доделени околу 22.500 евра, за душевната болка, предизвикана поради 17-те месеци поминати во притвор.
 
Праљак објасни дека судот со истата пресуда го одбил барањето за исплата на надомест за загубената заробатка, но оти Апелацискиот совет ја прифатил жалбата на Главаш и наложил постапката да се обнови.
 
На подготвителното рочиште, Праљак изнесе предлог материјални докази, меѓу кои договорот за работа кој Главаш го склучил со работодавачот од Швајцарија, доказ за раскинување на договорот за работа, како и пресметки и потврди за примената плата за 2013, 2014 и 2015 година.
 
Претставниците на Правобранителството на БиХ, не присуствуваа на ова рочиште.
 
Следното сослушување е закажано за 4-ти април.