Пишува: Свен Милекиќ, Загреб
Хрватската коалициска влада, предводена од ХДЗ, се соочуваа со можноста да се распадне. Овој пат, поради спомен-плочата на која е врежан поздравот „За дом спремни“, кој во Втората светска војна го користело профашистичкото усташко движење.
Спомен-плочата беше подигната во чест на 11 загинати членови на Хрватските одбранбени сили (ХОС), паравоени сили и партиска милиција на екстремно десничарската, Хрватска партија на правата, формирани во Татковинската војна во Хрватска. Таа беше откриена во Јасеновац во ноември, во близина на местото на поранешниот најголем усташки концентрационен логор.
Нејзиното поставување веднаш предизвика негативни реакции, не само на опозицијата, туку и на партнерот на ХДЗ, Независната демократска српска партија (СДСС).
Во Јасеновац, помеѓу 1941 и 1945 година, усташите ликвидирале над 83.000 Срби, Евреи, Роми и антифашисти.
Проблемот е и во тоа што слоганот испишан на споменикот, е дел од официјално регистрираниот грб на организацијата на ветераните на ХОС, воени сили формирани на почетокот од конфликтот во Хрватска во 1991 година, кои се бореа против бунтовничките Срби во оваа земја и Југословенската народна армија (ЈНА). Тие во 1992 беа интегрирани во хрватската војска.
Здружението на доброволци на ХОС во Загреб, во 1998 година, беше регистрирано во Градската канцеларија за општа управа и во Министерството за управа, заедно со слоганот „За дом спремни” на нивниот официјален грб.
Користењето на овој слоган во Хрватска не е забрането, иако повеќе судови имаат утврдено дека тој е симбол на усташкиот режим. Овој поздрав, понекогаш се скандира и на некои настани на десницата, но и за време на фудбалски натпревари.
Во декември минатата година, кога медиумите пишуваа за спорот со спомен-плочата во Јасеновац, премиерот Андреј Пленковиќ, изјави дека владата ќе усвои закон, со кој ќе се регулира ова прашање.
Пленковиќ тогаш најави дека ќе се формира специјална комисија, составена од експерти, кои ќе работат на законот за регулирање на употребата на симболите на тоталитарните режими.
Така, хрватската влада, во март оваа година го формира Совет за справување со последиците од владеењето на недемократските режими, иако неговите членови не се согласија да се дискутира и за прашањето за употреба на поздравот „За дом спремни”.
Од друга страна, либералната, Хрватска народна партија (ХНС), во јуни, кога ѝ се приклучи на коалициска влада на ХДЗ, соопшти дека спомен-плочата ќе биде отстранета во рок од еден месец, а тој рок истече на крајот на јули.
Во меѓувреме, Пленковиќ изјави дека Владата, по ова прашање, чека одговор од Министерството за управа.
Легитимни ознаки?
Припадници на единицата на ХОС, „Рафаел витез Бобан“ во 1995 извикуваа дека се усташи, пееја усташки песни и го величеа уташкиот лидер, Анте Павелиќ
Прашањето околу слоганот, повторно беше актуелизирано во саботата, кога хрватскиот министер за правда, од редовите на ХДЗ, Дражен Бошњаковиќ, во интервју за „Вечерњи лист“ изјави дека плочата, најверојатно, „нема да биде отстраната пред март”.
Изјавата на Бошњаковиќ предизвика остри реакции на СДСС и на ХНС, кои инсистираат, Владата да го реши ова прашање, во рок од еден месец.
Владејачката коалиција, која има минимално мнозинство од 76 пратеници во Собранието, не може да остане на власт без поддршка на петте пратеници на ХНС, тројцата пратеници на СДСС и петте пратеници од редовите на малцинства, кои се во неформален блок со СДСС.
Пленковиќ во вторникот потврди дека Владата работи на ова прашање, со целосна почит кон жртвите на Јасеновац и 11 загинати припадници на ХОС, во чија чест е поставена спомен-плочата.
„Бараме решение, со кое содржината на плочата не би загрозила ничии чувства и многу наскоро ќе го најдеме тоа решение”, рече тој.
Звоне Ќурковиќ, командант на огранокот на ХОС од Вуковар и претседател на Здружението на ветерани бранители на Вуковар, во вторникот за јавниот сервис, ХРТ, изјави дека грбот е „легитимна ознака” која владата ја признала, но дека во случајот на Јасеновац, треба да се направи исклучок.
„Мој личен став во врска со спомен-плочата во Јасеновац, е дека ХОС треба да направи гест и да го отстрани знакот на ХОС само од плочата во Јасеновац, од почит кон невините жртви (на логорот)”, изјави Ќурковиќ.
Сепак, Милијан Бркиќ, заменик претседател на хрватскиот Парламент и заменик претседател на ХДЗ, во понеделникот изјави дека плочата е „поставена законски”.
Истакна дека станува збор за „воен грб на легална единица од Татковинската војна”.
Додаде дека хрватските ветерани од ХОС, имаат врска со усташтвото исто колку што оние кои се залагаат за отстранување на плочата, имаат врса со хрватството.
„Тие никогаш не ја сакале Хрватска; не само што не ја сакаат, туку и работеа против нејзината слобода и независност“, рече Бркиќ.
Во меѓувреме, претседателот на Сојузот на здруженија на доброволци на ХОС, Борислав Баришиќ, изјави дека членовите на ХОС не се „фашисти, ниту усташи”, бидејќи ХОС е формирана во 1991 година, долго откако овој режим од Втората светска војна, престанал да постои.
Баришиќ го повика Пленковиќ да ги заштити, потенцирајќи оти ако треба, ќе излезат и на референдум или ќе ги вклучат меѓународните судови.
Ѓуро Глогошки, претседател на Здружението на стопроцентни воени инвалиди, кој од 2014 до 2016 година ги предводеше протестите на бранителите за нивни поголеми права, кои траеја една и пол година, предупреди дека неговото здружение има „не само опција Б, туку и опција В”, ако премиерот и претседателот на Собранието не се изјаснат, што е наговестување за директна акција.
Симпатија кон усташите
Кога беа формирани, ХОС и нивниот политички творец, екстремната Хрватска партија на правата, користеа одредени симболи на усташкото движење.
Освен поздравот „За дом спремни”, тие понекогаш поставуваа и фотографии од усташкиот лидер Анте Павелиќ пред нивното седиште.
Акронимот ХОС е ист како и акронимот на Хрватските вооружени сили во Независната држава Хрватска (НДХ), која беше сојузник на нацистичка Германија и фашистичка Италија.
Единиците на ХОС и денес ги носат имињата на истакнатите усташки команданти, Јуре Франчетиќ и Рафаел Бобан, а во некои пригоди дури и пеат усташки песни.
Во 1992 година, тогашниот хрватски претседател, Фрањо Туѓман, кој по професија бил историчар, изразил незадоволство со фасцинацијата на ХОС кон усташтвото, која, како што потенцирал, е лоша за меѓународната слика на Хрватска.
„Знам дека меѓу овие момчиња има и хрватски фанатици, хрватски луѓе кои имаа идеали, но е изненадувачки што наседнуваат на оние кои ги облекуваат во црни кошули и фашистички ознаки од изгубената Втора светска војна”, рекол Туѓман.
Фрањо Туѓман зборува за ХОС во 1992 година
„Што ќе беше со Германија да продолжеше со традициите на црните и кафеавите кошулите и со нацистичките ознаки? Затоа, ова беше една од главните пречки за меѓународното признавање на Хрватска“, додаде тој.
И покрај некои спротивни тврдења, на крајните десничарски кругови, поздравот „За дом спремни” е создаден во триесеттите години од минатиот век, од страна на усташкото движење, додека било активно во странство, надвор од Кралството Југославија.
Во интервју дадено во 1957 година, а објавено во весникот на хрватската дијаспора „Хрватска стража” дури во 1968, Павелиќ изјавил дека барал слоган со „воено значење”.
Нагласил дека делумно бил инспириран од хрватскиот крал Петар Крешимир IV, од 11-от век, и начинот на кој тој го користел зборот „спремни“ (подготвени).
„Подготвени за што? За она што ни е најсвето меѓу земните работи: ЗА ДОМОТ! Домот не значи само татковина, туку и домашно огниште, така што неговото значење е двојно посилно. Овој термин се провлекува низ целата наша историја, низ нашата патриотска поезија“, рекол Павелиќ.
Без конкретна забрана
За разлика од германскиот закон, со кој се забранува употребата на одредени нацистички симболи и слогани како што е „Зи хајл“, во хрватското законодавство не се кажува што конкретно не е дозволено.
Членот 325 од хрватскиот кривичен закон, наведува дека „јавното поттикнување на насилство или омраза кон поединци или групи врз основа на раса, боја, религија, потекло или национална или етничка припадност”, ќе се казни со затвор до три години, а организаторите на групата која шири омраза, со затворска казна до шест години.
Во овој член се додава дека секој кој „јавно одобрува, негира или значително го тривијализира геноцидот, злосторствата против човештвото, воените злосторства и агресијата”, исто така, може да добие до три години затвор.
Меѓутоа, речиси никој кој скандирал „За дома спремни” или јавно прикажувал усташки ознаки, не е гонет според член 325.
Како во случајот со хрватскиот фудбалер Јосип Џо Шимуниќ, кој на меѓународен натпревар во Загреб во 2013 година, заедно со илјадници навивачи извикуваше „За дом спремни”, ова дело обично се казнува според законот за прекршоци.
Хрватскиот меѓународен фудбалер Јосип Шимуниќ на натпревар, со навивачите, извикуваше „За дом спремни“
За разлика од германскиот закон, со кој се забранува употребата на одредени нацистички симболи и слогани како што е „Зи хајл“, во хрватското законодавство не се кажува што конкретно не е дозволено.
Членот 325 од хрватскиот кривичен закон, наведува дека „јавното поттикнување на насилство или омраза кон поединци или групи врз основа на раса, боја, религија, потекло или национална или етничка припадност”, ќе се казни со затвор до три години, а организаторите на групата која шири омраза, со затворска казна до шест години.
Во овој член се додава дека секој кој „јавно одобрува, негира или значително го тривијализира геноцидот, злосторствата против човештвото, воените злосторства и агресијата”, исто така, може да добие до три години затвор.
Меѓутоа, речиси никој кој скандирал „За дома спремни” или јавно прикажувал усташки ознаки, не е гонет според член 325.
Како во случајот со хрватскиот фудбалер Јосип Џо Шимуниќ, кој на меѓународен натпревар во Загреб во 2013 година, заедно со илјадници навивачи извикуваше „За дом спремни”, ова дело обично се казнува според законот за прекршоци.
Иако законот не прецизира детали, многу правни експерти и политичари тврдат дека антифашизмот е содржан во уставот, па оттука поддршката на усташтвото, може да биде кривично гонето дело.
Според преамбулата на Уставот, темелите на Хрватска лежат на делувањето на Антифашистичкиот совет, во спротивност со прогласувањето на НДХ во 1941 година.
Така, Иво Санадер, кој беше хрватски премиер, во 2004 година нареди отстранување на споменикот посветен на усташкиот командант Франчетиќ во Слуњ.
Санадер изјави дека е тоа „спротивно на историските темели на хрватскиот устав и (му штети) на угледот и интересите на Хрватска”.
Во меѓувреме, во февруари оваа година, Народниот правобранител соопшти дека поздравот „За дом спремни“, е во спротивност со постулатите на Конвенцијата на Обединетите нации за елиминација на сите форми на расна дискриминација, со Европската конвенција за човекови права, со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и со препораките на Европскиот комитет против расизмот и нетолеранцијата.
Хрватскиот свештеник Мато Мутиниќ и комндантот на единицата на ХОС, „Рафаел витез Бобан“, извикуваат „За дом спремни“
Народниот правобранител наведува голем број на пресуди, донесени од страна на различни судови, со кои се осудени лица поради употреба на овој поздрав, при што слоганот го дефинира како „официјален поздрав на усташкиот режим и на тоталитарниот режим на НДХ”.
Правобранителот наведува дека постои јуресприденција за ваквите постапки, но, исто така, и дека некои од овие пресуди се потврдени од страна на Уставниот суд.
Тој укажува и на ставот на Комисијата за устав, деловник и политички систем на хрватскиот парламент, дека поставувањето на спомен-плочата во Јасеновац, „ги навредува жртвите на усташкиот логор и сите жртви на усташкиот режим”.
Сепак, постои и пример за спротивното толкување, што предизвика спор околу употребата на овој поздрав, а тоа е одлуката на Судот за прекршоци во Книн, со која лице кое во 2011 година го скандирало слоганот „За дом спремни“, беше ослободено, со образложение дека станува збор за „историски хрватски поздрав“.