Од 2008 до 2014 година, секоја година по два пати се одржува Денот на дрвото кога за еден ден се трошат по околу 50 милиони денари и се садат по пет милиони садници дрвjа. Вкупно се потрошени околу 850 милиони денари. Само за споредба, годинaшниот буџет на Секретаријатот за европски прашања е 100 милиони денари или два Дена на дрвото
За вкупно 14 пати колку што е одбележан Денот на дрвото, досега, според статистиките на Владата, би требало да е насадена површина од околу 12.000 хектари, што отприлика е површината на која се протега Националниот парк „Пелистер“.
За Денот на дрвото, според зборовите на директорот на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, Жарко Караџоски, се трошат по околу 50 до 70 милиони денари. Според тоа, досега се потрошени вкупно околу 850 милиони денари или околу 14 милиони евра.
Колку за споредба, годинaшниот буџет за Секретаријатот за европски прашања изнесува под 100 милиони денари, колку што се троши во две акции „Засади ја својата индина“. Годинaшниот буџет на Уставниот суд, пак, е 32 милиони денари или само околу половина Ден на дрвото. Агенцијата за разузнавање има буџет од три Дена на дрвото или нешто над 155 милиони денари.
Првата акција „Ден на дрвото – Засади ја својата иднина“ беше организирана во 2008 година, а на предлог на амбасадорот на мирот на УНЕСКО, познатиот македонски оперски пејач, маестро Борис Трајанов. Тој сега не е дел од акцијата.
Според статистиките на Владата на Република Македонија, во 2008 година се засадени 2.560 хектари, во следната 2009 рекордни 3.915 хектари, во 2010 година се засадени 2.017 хектари, во 2011 година 744 хектари, во 2012 година 803 хектари. Оваа година Денот на дрвото се одржа само еднаш. Минатата година се пошумија повеќе од илјада хектари, а исто толку е планирано да се пошумат и годинава. Вкупно треба да бидат насадени над 70 милиони садници.
Агенцијата за разузнавање има
буџет од три Дена на дрвото или
нешто над 155 милиони денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот шумски фонд на Македонија во 2013 година изнесува 987.545 хектари, а минатата година се пошумени 1.501 хектар. Вкупното ниво на деградирани шуми изнесува околу 45.000 хектари.
Македонија сè уште во статистиката нема забележано колку точно стебла има во шумскиот фонд.
(pictochart)