Регион

Албанија: Потрагата по луѓето исчезнатите во комунизмот стои во место

  • 2
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  

Фотографии поставени на Местото на сведоштво и сеќавање на луѓето кои биле затворени во комунистичка Албанија, во Скадар. Фото: БИРН.

Во извештајот на МКИЛ , кој беше објавен денеска, се вели дека албанските обвинители сè уште немаат издадено наредби за ископување на локациите за кои постои сомневање дека се масовни гробници, во кои се наоѓаат посмртни останки на луѓе, кои исчезнале за време на комунизмот.

Владата на Албанија и МКИЛ , по осум години преговори, се согласија потрагата да започне во 2018 година.

Во септември 2018, МКИЛ  и албанскиот Институт за интеграција на политички прогонуваните лица, го поднесоа првото барање за ископување на две познати масовни гробници од времето на комунизмот, во Дајти и Балш.

„До денес не се издадени наредби за ископување на овие локалитети“, се вели во извештајот на МКИЛ .

„Обвинителите не издадоа наредби за ископување, наведувајќи го како причина недостигот на финансии за покривање на трошоците за ангажирање на технички експерти од Институтот за судска медицина (на Албанија)“, се вели во извештајот.

Загриженост што нема напредок во овој процес, беше изразена и на прес-конференција во Тирана уште во 2019 година.

МКИЛ  вети дека ќе ѝ помогне на Албанија во потрагата и идентификувањето на останките на повеќе од 6.000 Албанци, кои биле убиени или исчезнале за време на владеењето на авторитарниот комунистички диктатор Енвер, Хоџа, помеѓу 1944 и 1991 година.

„Според официјалните податоци, во овој период се погубени 5.501 лице, осудено од политички причини. Нивните тела никогаш не им се вратени на семејствата“, се вели во извештајот на МКИЛ .

„Официјалните податоци, исто така, укажуваат дека дополнителни 987 политички затвореници починале од различни причини во затворите и центрите за притвор во Албанија. Преживеаните роднини не знаат каде се нивните останки“, се додава во извештајот.