Кампањата на дневниот весник, 24 часа, „Исчезнати, но не и заборавени“, е номинирана за една од овогодишните награди Веби, кои ги доделува Меѓународната академија за дигитална уметност и наука.
Кампањата на весникот, која трае од 2016 година, е номинирана во категоријата ‘кампањи за општествено одговорно работење’, заедно со кампањите на големите маркетинг агенции „TBWA/Chiat/Day“ и „215 McCann“.
„По повеќе од две децении, во ноември 2016 година, решивме да го прекинеме молкот за судбината на 1.922 исчезнати лица во Татковинската војна“, изјави за БИРН, Марко Јанковиќ, маркетинг менаџер на 24 часа.
Весникот, во своето онлајн и печатено издание, објавува приказни за семејствата кои сè уште ги бараат своите членови исчезнати во војната.
Минатата година, на Меѓународниот ден на исчезнатите лица, на 30-ти август, 24 часа постави постери низ цела Хрватска, на кои на семејни фотографии се гледаа темни силуети, како потсетник на преостанатите исчезнати лица.
„Тој ден, во сите изданија на 24 часа, беа објавени фотографии со темни силуети, кои ги симболизираат луѓето одвоени од нивните семејства“, додаде Јанковиќ.
„Илјадници луѓе и повеќе од 100 влијателни лица од сите сфери на општеството, наместо својата профилна фотографија на Фејсбук, ставија темна силуета, во знак на поддршка на нашата кампаа“, додаде тој.
Кампањата на 24 часа, веќе помогна да се пронајдат две исчезнати лица.