Не знам колку може да му се верува на премиерот Зоран Заев кога вели дека постојат шанси во Македонија да влезат гигантите Гугл и Фејсбук, односно дека преговорите се во „напредна фаза“. Конечно, искуството од последната деценија нѐ учи дека големите странски инвестиции и не се толку големи како што власта сака да ги прикаже.
Не знам ни што точно тоа ќе значи за нашите животи, ако, ете, се остварат овие најави на Заев. На пример, ќе се вработат стотина високообразовани ИТ стручњаци и креативци, кои веројатно ќе бидат платени над македонскиот просек. Можеби тоа ќе натера некои од младите стручњаци да си ја бараат иднината во земјата, а не во странство. Можеби некои и ќе се вратат од странство, да ја продолжат кариерата тука. Но, дали и каков импакт тоа ќе има врз овдешната макроекономија навистина не знам.
Она што го знам или се надевам дека го знам е општествениот импакт што овие две компании го направија врз современата цивилизација во релативно кусото време на своето постоење. Со други зборови, немам никаква причина да не верувам дека евентуалното доаѓање на овие глобални корпорации нема да изврши (позитивни) промени и врз микрокосмосот наречен Македонија.
Ако Македонија се погледне токму низ огледалата на пребарувачот Гугл и на социјалната мрежа Фејсбук, сликата е кристално јасна. И нималку не е убава. Напротив, прилично е грда. Македонија, колоквијално кажано, е трајно населена во машкиот полов орган. И има негово државјанство
За почеток, веројатно ќе можат да се добијат повеќе единици ако се изгугла зборот Македонија. Македонија денес во најмоќниот пребарувач на светот буквално е поставена како она што компјутерџиите го нарекуваат „длабока мрежа“ (deep web), односно оној простор што го нема на ниту еден пребарувач и кој го користат опскурни и криминализирани компании, препродавачи на дрога, на пример.
Еден од најпознатите примери е веб-страницата Silk Road, еден вид интернет продавница, по принципот на eBay, каде што можеа да се купат различни видови дрога. По неколкугодишно трагање, FBI го лоцираше серверот на оваа веб-страница, а главниот администратор на страницата Рос Улбрихт во 2015 година е осуден на доживотен затвор.
Значи, првата работа е дека Македонија ќе ја направи повидлива и на тој начин ќе ја постави на вистинското место во виртуелниот свет. А ако имаме среќа, може и да ни ја подобри барем виртуелно патната мрежа, па намерникот да може да се снајде како да стаса до Мариово, на пример, а притоа да не го оштети трајно својот автомобил.
Меѓутоа, она што е побитно се креативните кампањи со кои Гугл се обидува да ја смени свеста на луѓето. Една од тие кампањи, која кај нас, сосема очекувано, помина целосно незабележено е апликацијата Google Fortunetelling, каде што Гугл наводно ви ја предвидува иднината врз база на вашата историја на пребарувањето. Во суштина станува збор за трик што ве навлекува да ја отворите страницата, каде што Гугл наместо да ви ја предвиди вашата судбина, ве предупредува за луѓето кои немаат иднина – на бегалците.
Приказната на најмоќната светска социјална мрежа Фејсбук е нешто поинаква. На оваа мрежа сите се умни, привлечни, убави… Никој, на пример, не се чекира во Магарево, туку сите се некаде во Париз, во Доминиканската Република или барем во Грција. Никој на Фејсбук не се пожалил дека има запек и дека е нервозен, затоа што пет дена не бил во клозет.
На Фејсбук сите се пријатели. И сите се сакаат и се почитуваат (нема иконка за омраза или кавга, на пример). Македонскиот Фејсбук го покажува токму обратното – дека во Македонија сите се непријатели и сите се мразат. Или барем се поделени меѓу себе
Да се разбереме, имам убаво, дури многу убаво мислење за оваа мрежа и често ја користам. Таа нуди сериозни можности за промоција, за искажување сопствени ставови, за информирање, за запознавање со поинакви мислења, па ако сакате и за споделување новински текстови и авторски колумни… Таа е некој вид сопствен приватен весник.
Македонија одамна е заразена од оваа измислица на Марк Цукенберг. Она што, меѓутоа, тука не се сфаќа (додуша и во некои други земји во регионот) е клучниот збор што Цукенберг го уфрлил во својот пронајдок, а тоа е – пријател! На Фејсбук сите се пријатели. И сите се сакаат и се почитуваат (нема иконка за омраза или кавга, на пример). Македонскиот Фејсбук го покажува токму обратното – дека во Македонија сите се непријатели и сите се мразат. Или барем се поделени меѓу себе.
Посериозното присуство на компанијата Фејсбук во Македонија би можело да придонесе кон она во што се колнат сите политичари, без оглед на бојата и политичката ориентација, а тоа е соживотот и сплотувањето на општественото ткиво.
Меѓутоа, ако Македонија се погледне токму низ огледалата на овие два интернетски феномена, на пребарувачот Гугл и на социјалната мрежа Фејсбук, сликата е кристално јасна. И нималку не е убава. Напротив, прилично е грда. Македонија, колоквијално кажано, е трајно населена во машкиот полов орган. И има негово државјанство.
Затоа не верувам дека Гугл и Фејсбук ќе дојдат кај нас. Живеењето во машкиот полов орган е заразна категорија, а овие две компании се вакцинирани од оваа „македонска“ болест.