Не го следев отворањето на Олимписките игри во Париз, како што не ги следев ниту отворањата на Олимписките игри во последните, па сигурно најмалку две децении. Не затоа што сум некаков сноб или, како што тоа денес би се рекло, некаков бумер, туку затоа што церемониите, едноставно, не ме интересираат. Сите тие прослави од тој тип се преблескави и содржат премногу гламур за мој вкус.
Во таа смисла, би рекол дека се дури и невкусни. Никогаш не ми било јасно од каде таа потреба да се потроши одредено множество пари за неколку часа „леб и игри“. Со оглед на бројните социјални протести во последно време, не верувам дека и организаторот на годинашните Олимписки игри, значи Франција, има некаков вишок пари за фрлање. Но, нејсе… Сѐ има, се може, што би се рекло.
Тоа што не го следев отворањето, не значи дека не го гледав. Поточно гледав 15-20 минути, колку да ги видам нашите репрезентативци. И, да, ја видов таа фамозна и наводна парафраза на „Тајната (последната) вечера“ на Леонардо да Винчи со учество на оние драг-кралици. И видов и некои танчери, облечени како „глупави Августи“ како изведуваат некакви танчерски акробации. И потоа го сменив каналот и гледав некоја филмска „шеќерна водичка“, колку да (ми) помине времето.
Гордост и предрасуда
Дали бев навреден од она што го видов? Па, бев. Во онаа мера во која ме вреѓа секој спектакл од овој тип. Ништо помалку и ништо повеќе. Освен спектакуларноста што ја предизвикува дури и самата идеја оваа приредба да се одржи во и на бреговите (кејот) на Сена и очигледниот напор на организаторот да ангажира бројни креативни сили во реализацијата на проектот, единствената работа што ми остави впечаток беше дека Македонија, иако најавена и обележена со англиската варијанта на името, односно „North Macedonia“, во абецедниот ред на земјите што се претставуваа беше ставена под буквата „М“.
Велам, ми остави впечаток, поточно ме изненади, но не ме направи нешто особено горд, како што е тоа сега модерно да се каже. Јас, едноставно, знам дека нашите спортисти колку што имаат големи срца, толку имаат скромни резултати во глобални рамки, така што е сосема сеедно под која буква ќе нѐ претстават. (Јас сум голем приврзаник на поговорката: „Викај ме лонче, само немој да ме кршиш“).
Јас, на пример, не можам да се сетам, а со тоа и да потврдам дека најголемиот атлетичар (а можеби и спортист) на сите времиња, Усеин Болт, со својот успех на било кој начин го поправи имиџот на неговата Јамајка.
На крајот на краиштата, што е и кому е важно какви резултати имаат. Освен за нив и ним самите. Јас, на пример, не можам да се сетам, а со тоа и да потврдам дека најголемиот атлетичар (а можеби и спортист) на сите времиња, Усеин Болт, со својот успех на кој било начин го поправи имиџот на неговата Јамајка. Или дека во моментов веројатно еден од најдобрите, ако не и најдобриот кошаркар во светот Никола Јокиќ и секако најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ на кој било начин ја поправиле сликата за Србија во светот.
Не следам спорт, па вака слепо велам – еве на овие Олимписки игри некој атлетичар од Етиопија или Еритреја ќе победи на маратонот. Мислите ли дека тоа ќе биде нешто вистински суштинско подобрување за нивните земји? Ќе се поправи состојбата со човековите права? Судството ќе проработи? Децата ќе имаат подобро образование, нега, храна…
И мислам дека токму таквата поставеност на работите е она што е најважно на и за олимпијадите. Не знам колку се знае или не, иако кај нас (и во поголемиот дел од светот) олимпијадата и олимписки игри се синоними, олимпијадата во времето на Хелените е четиригодишен период што се брои од крајот на едни олимписки игри до почетокот на другите. Во тие четири години државите (полисите, во тоа време) треба да се трудат да бидат сѐ подобри на секое поле и тоа да го покажат токму на олимписките игри. Значи не е (само) спортот во прашање, туку се презентира поезијата, ораторството, драмата, музиката итн.
Намерно ја потенцирам фразата „да се покаже најдоброто“, а не велам, на пример, „да се победи“.
Победници и поразени
Претпоставувам дека и во тие антички времиња било важно кој ќе застане на пиедесталот. Но, во општата колективна меморија не постои некое име на некој Џеси Овенс, Усеин Болт или Боб Бимон. Зошто? Затоа што, и покрај сите почести што ги добивале победниците и гордоста на градовите-држави, суштински не станувало збор за гладијаторски игри по принципот: „кој ќе преживее, ќе раскажува“, туку за обид да се создаде сплотеност, дружење, разбирање и, во крајната инстанца, мир меѓу раскараните градови.
Затоа, според историските читанки, било и прогласувано примирје меѓу завојуваните страни во време на Игрите. И затоа мотото на Олимписките игри, „Важно е да се учествува“ не е никаква флоскула, туку важна порака која ние (мислам буквално на светот) никако да ја разбереме. Важно е таму да нѐ претставува најдоброто од она што го имаме. Убаво е да имаме врвни резултати. А уште подобро е да го запознаеме светот и светот да нѐ запознае нас.
За жал, новата историја на олимписките игри е преполна со политика, бојкоти, неодржани манифестации поради војни, терористички чинови… Но, добрата вест е дека светот, без оглед на сето тоа, не се откажува од нив. А богами не се откажува ниту од таканаречениот олимписки дух. Познат е примерот кога во 1944 година Лондон, поради траењето на Втората светска војна, не е во можност да ги организира Олимписките игри, група полски воени затвореници во воениот логор во Волденберг (денешен Добјегњев во Полска), со дозвола на германските власти организирале „затворенички олимписки игри“.
Иако, сигурно, шаховските олимпијади ни оддалеку не се толку атрактивни како летните или зимските олимписки игри, а денес пак веќе не ни знаеме каде се одржуваат, тогаш Шаховската олимпијада беше важен маркер за македонскиот главен град. За таа прилика беа изградени хотелот „Континентал“, Олимпиското село над хотелот „Панорама“, како и Скопскиот саем.
Според достапните наводи овие игри се одржале од 23 јули до 13 август таа година. Знамето било сошиено од креветски чаршав, а со некои ткаенини на него биле дошиени олимписките кругови во приближните бои. Ова се смета за една од најголемите демонстрации на олимпискиот дух. Првенствено, затоа што и затворските власти дозволиле овие натпревари да се одвиваат. И уште поради една работа – никаде не се наведува од која држава биле затворениците што освоиле најмногу први места. Затоа што тоа, иако можеби ним им било важно, денес воопшто не е битно.
И Македонија има свое олимписко искуство. Шаховската олимпијада во 1972 година. Организирана неполна деценија по катастрофалниот земјотрес и одржана само неколку недели по терористичкиот чин на Олимпијадата во Минхен, кога беше убиена речиси целата репрезентација на Израел, Шаховската олимпијада во Скопје сигурно претставуваше голем предизвик.
Иако, сигурно, шаховските олимпијади ни оддалеку не се толку атрактивни како летните или зимските олимписки игри, а денес пак веќе не ни знаеме каде се одржуваат, тогаш Шаховската олимпијада беше важен маркер за македонскиот главен град. За таа прилика беа изградени хотелот „Континентал“, Олимпиското село над хотелот „Панорама“, како и Скопскиот саем. Организацијата на олимпијадите, меѓу другото, служи и за тоа – да се изгради модерна и натаму употреблива инфраструктура. Денес (впрочем, одамна) го нема ниту Саемот, ниту Олимпиското село, а богами не знам ни „Континентал“ во која форма е.
Југословенското искуство со одлично организираните Зимски олимписки игри во Сараево во 1984 година може да се оквалификува како пострашно. Ако во Скопје Олимпијадата беше неполна деценија после земјотресот, во Сараево таа беше неполна деценија пред целата земја да се растури во грозоморна војна. Особено Босна и Херцеговина.
И на крајот, што ни покажа отворањето на Олимписките игри во Париз? Токму тоа. Ни го покажа олимпискиот дух. Дека може светот да се собере на едно место, со сите свои разлики, поинакви мислења, со сите свои бои, чувства, религии и да ужива во тоа.
Јас не ги сакам тие церемонии, ама ги сакам тие пораки. Драго ми е што олимпискиот дух уште не е скротен.