Груевски кој досега имаше совршен инстинкт за политичко преживување, верувам дека нема да се реши на погубен чекор, со кој ќе биде оценет како возач кој свесно оди во погрешна насока, туркајќи ја државата кон провалија. Време за маневрирање нема.
Никој не се изненади од оценката на ЕУ и САД за непостоење услови за фер избори на 24 април. Изненадувачки е што таа оценка не стигна порано, за да не се најде парламентот во цајтнот кој сега ја носи најголемата одговорност. Имено, од неговата одлука ќе зависи дали Македонија ќе се ослободи од сомнежите што ги носи одржувањето избори со недостиг од неопходни демократски предуслови, или распуштањето на парламентот ќе биде вовед и во „распуштање на државата“, под товарот на продлабочена криза со многу потешки димензии.
Уверена сум дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ е свесна за сите ризици и дека сериозно ќе ги земе предвид при одлучувањето за нејзините чекори. Уверена сум и дека ВМРО-ДПМНЕ е свесна оти терминот „парламентарно мнозинство“ сега има многу релативно значење, со оглед дека нејзиниот коалициски партнер ДУИ јавно ги соопшти своите позиции: ќе се залага за одлука за избори донесена со консензус, а не по сила на мнозинството.
Прашањето „Зар и ти, сине Бруте“, во оваа ситуација нема многу да заврши работа, ниту да помогне во реанимирање на наводно прекршената коалициска верност, бидејќи не станува збор за тоа. Имено, ова не е „шетање со нож во грбот“, како што тоа чувство за предаденост од најблиските, некогаш симболично го објаснуваше еден друг лидер. Напротив, тврдењето на ДУИ дека е „на иста линија со меѓународната заедница“, е само задоцнето признание/свесност дека еднострано договорени и спроведени избори ќе ја продлабочат кризата.
Евентуалното повикување на народот на протести против „надворешниот и внатрешниот непријател“, би бил чекор кон уште поголема дисквалификација на оваа партија како релевантен партнер за разговори.
ДУИ ја поправа грешката направена на 18 јануари. Не е страшно туку доблесно да се признае грешка, ако постои свест дека нејзиното премолчување и надградување со следни потези ќе води кон уште поголема грешка. Истото треба да го стори и ВМРО-ДПМНЕ. Ако партијата е толку уверена во својата потенцијална победа, зошто би требало таквата можност да ја соочува со сомнежи поради неисполнети услови за фул регуларност.
Напротив, противењето на заложбите „првин услови-после избори“, говори дека нејзината сигурност во победата извира единствено од манипулативни и незаконски методи, проверени и спроведени во претходните циклуси. А тоа е срамен и поразителен факт за некој што со години се фали со изборниот „оскар“.
И не треба да има дилеми дека начинот на добивање на тој „оскар“ ќе биде преиспитан низ правна постапка, без оглед на сите опструкции. Бидејќи, и самите опструкции се индикатор колку некој е посветен во криењето на трагите што сведочат за повеќекратно и со умисла изведувано „совршено убиство“ на слободната волја на гласачите.
Претпоставувам дека во овие два дена маговите на креативниот политички адвертајзинг ќе ги стават во оптек сите приказни за „матни странски сценарија“ и спротивставување на оценки и одлуки кои „ја претвораат Македонија во нечиј странски протекторат“. Тоа не помага. Не ја потценувам ни будноста ни имунитетот против таквите обиди. Напротив. Но, политичар кој има чувство за реалност, би требало да се откаже од тие прикаски за консументи над 18 години.
Имено, тие кои ја акцентираат ваквата опасност, првинќе треба да дадат одговор на клучното прашање: зошто дојдовме во ситуација да имаме меѓународни гаранти на политички договор за излез од домашна криза и меѓународни посредници во преговорите?
Ќе признаат ли „чуварите на суверенитот“ дека причина за тоа беше еден друг протекторат, во случајов внатрешен, со кој власта воведе „суверена диктатура“ врз сите што не се власт. Подјармувањето на правдата и на институциите за потребите на власта, исклучувањето на дијалогот и лепењето етикети „предавници“ на сите кои имаат различно мислење, е воведување внатрешен протекторат par excellence.
Градејќи токму таков систем, власта си ја изгради и сопствената дисквалификација на „чувар на суверенитетот“. Дополнително, во текот на спроведувањето на пржинските обврски ги опструираше и сите можности за суштински промени, држејќи се исклучиво до нивно спроведување на ниво на форма. Се обиде да произведе симулакрум за наводна конструктивност и за сопствена политичка релевантност , користејќи ги нив како панцир против шрапнелите од „бомбите“ и сè што можеше да биде вовед во реформи.
Време за маневрирање нема. Најдоцна во вторник до полноќ, четирите партии треба да се согласат околу еден ноторен факт: дека единствен извор на легитимност се изборите, но не избори наметнати со аргументот на силата туку со силата на аргументите
Тоа, за жал, го спроведе со огромен успех, благодарение на најважните коалициски партнери – медиумите. Во таа насока власта направи се . Што би рекол Јанакиески, „и многу повеќе од тоа“. Тоа, пак, само навестува колку голем бил интересот тој внатрешен протекторат да продолжи да живее во нов мандат и маскиран под други форми.
Власта денес вели дека направила многу отстапки во текот на пржинскиот процес – премиерот дал оставка, се согласиле со формирањето на Специјалното обвинителство, вклучиле министри на СДСМ во клучни ресори… Сето тоа е точно. Исто како што е точно дека власта сето тоа го дозволи за потоа максимално да го опструира.
Власта, како богот Јанус покажа две лица, но не создаде конфузија по прашањето кое е вистинското. Беше јасно прочитана. И бидејќи сите тие „отстапки заради отстапки“, не водеа кон дисконтинуитет на дијагностицираните девијантни политики туку кон нивни континуитет, денес тешко ќе се најде некој надвор од утврдениот клиентелистички круг, кој ќе им поверува на солзите на ВМРO-ДПМНЕ заради неповолната оценка за избори на 24 април.
Во такви услови, евентуалното повикување на народот на протести против „надворешниот и внатрешниот непријател“, би бил чекор кон уште поголема дисквалификација на оваа партија како релевантен партнер за разговори.
Груевски кој досега имаше совршен инстинкт за политичко преживување, верувам дека нема да се реши на таков погубен чекор, со кој ќе биде оценеткако возач кој свесно оди во погрешна насока, туркајќи ја државата кон провалија. Во народната мобилизација нема да помогне ни партиската пресметка со мачките и „навредите“ на Ванхауте , бидејќи тоа само дополнително го открива нискиот праг на толеранција кон каква било критика.
Време за маневрирање нема. Најдоцна во вторник до полноќ, четирите партии треба да се согласат околу еден ноторен факт: дека единствен извор на легитимност се изборите, но не избори наметнати со аргументот на силата туку со силата на аргументите.
Единствено тоа води кон победа на општествените вредности, без оглед кој ќе ја добие власта на следните избори, кога и да се тие.
Оној кој не го разбира ова, ризикува да ја доживее судбината на големиот војсководец Пир, кој по извојувана победа со многу жртви, отворено признал: Уште една ваква победа и целосно ќе бидам поразен.
Овие два дена ќе бидат моментот на вистината, во очекување на еден одговор: Кому му треба краткорочна победа во оваа битка (избори на 24.04. или не), ако таа победа води кон долгорочен пораз на сите?