Актуелно

Лоши оценки за Македонија од Брисел, за препораката ќе се одлучува по изборите

Македонија назадува во областа на судството и делот на слободата на изразување, а нема напредок во областа на борбата против корупција, функционирањето на пазарна економија и регионалната политика, покажува извештајот што го објави Европската комисија.

Сериозната политичка криза, високото ниво на корупција, кршењето на човековите права, мешањето во работата во судството и во работата на медиумите го обоија извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија што денеска го објави Брисел.

Според описните оценки што ги дава Европската комисија во извештајот, Македонија добива двојка во повеќето од клучните области за тоа каква е актуелната состојба во државата

Според описните оценки што ги дава Европската комисија во извештајот, Македонија добива двојка во повеќето од клучните области за тоа каква е актуелната состојба во државата во судството и во работата на медиумите го обоија извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија што денеска го објави Брисел.

„Комисијата е подготвена да ја продолжи препораката за почеток на преговори со Поранешната југословенска Република Македонија. Но, тоа ќе биде условено со имплементација на политичкиот договор од јуни/јули и со потребниот напредок во спроведување на ургентните реформски приоритети. Ова прашање ќе биде повторно разгледано по изборите“, пишува во извештајот.

Според описните оценки што ги дава Европската комисија во извештајот, Македонија добива двојка во повеќето од клучните области за тоа каква е актуелната состојба во државата. Во извештајот се користи описно оценување од еден до пет за актуелната ситуација: рана фаза, одреден напредок, умерено подготвена, добро ниво и напредно ниво. Македонија е оценета со двојка или одреден напредок во делот за слобода за изразување, судство и основни права, борба против корупција, борба против органзиран криминал и безбедност на храна.

Во поглед на напредокот кој е постигнат во изминатите 12 месеци, се даваат пет оценки: назадување, нема напредок, одреден напредок, добар напредок и многу добар напредок. Македонија назадува во судството и во слободата на изразување, а нема напредок во борбата против корупција, функционирањето на пазарна економија, регионална политика и координација на структурните инструменти.

Спроведувањето на Пржино и препораките на Прибе клучни за препорака

Прислушуваните разговори во кои очигледно се вмешани високи владини функционери, ставаат на знаење дека има нарушување на фундаменталните права, мешање во судската независност, во слободата на медиумите, во изборите како и корупција, изјави еврокомесарот Јоханес Хан на почетокот од неговата презентација на извештајот на Европската комисија за напредокот на Макеоднија пред пратениците во Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент.

Тој рече дека загриженост за овие појави се сигнализираше и во претходните извештаи. Хан потсети дека во јуни посредуваше заедно со европарламентарците за постигнување на Договорот од Пржино. Политичките лидери мора да го применат Договорот, рече тој.

Во осумдесетте страници во кои бриселската администрација ја скенира состојба во Македонија пишува дека државата се соочува со најсериозната политичка криза од 2001 година. Брисел забележува дека недостасува политички дијалог и постојат тешкотии за постигнување на консензус, нагласувајќи дека фокусот треба да се стави на имплементација на реформските приоритети од Европската комисија (извештајот од Прибе) и на политичкиот договор од Пржино.

maricicСпоред Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование, извештајот од Брисел дава реални оценки кои се поконкретни за разлика од претходните години. „Извештајот е добра основа за да не поттурне напред затоа што не ги премолчува главните проблеми, фокусот го става на политичката криза и ја условува препораката за преговори со имплеметација на Договорот од Пржино и Извештајот на Прибе. Доста се тешки оценките особено за политичките критериуми, се користи отворен јазик и за прислушувањето, се посочува вклученоста на високи функционери во корупција, мешање во работата во судството и медиумите“, вели Маричиќ. Тој додава дека е битно што се укажува дека Договорот од Пржино и извештајот на Прибе се клучни инструменти за реформ и во Македонија во наредниот период.

Меѓуетничките односи, според Европската комисија, остануваат чувствителни. Настаните што се случиле во изминатата година укажуваат дека потребни се проактивни мерки за да да се решаваат меѓуетничките проблеми, да се изгради поголема доверба меѓу заендиците, вклучувајќи комплетирање на ревизијата на Охридскиот рамковен договор. Се бара и целосна истрага за настаните во Куманово.

За политичките критериуми, во извештајот стои дека врз основа на Договорот од Пржино, опозицијата се вратила во Собранието по едногодишниот бојкот. Брисел наведува дека бојкотот сериозно влијаел на целокупното функционирање на институцијата. Се наведува уште дека дека треба да се продолжи со имплементација на реформските приоритети од Прибе и на политичкиот договор.

Во делот за граѓанско општество, во извештајот пишува дека граѓанските организации одиграле конструктивна улога во контекст на политичката криза, но истовремено ја изразиле својата загриженост во однос на климата во која работат и недостатокот од дијалог со власта, како и поради јавните напади од одредени политичари и провладини медиуми.

Во делот на јавната администрација, во одредени области има напредок, но останува загриженоста во однос на политизацијата која била засилена со содржината на прислушуваните материјали и потценувањето на вработувањето врз основа на заслуги, забележува Брисел.

„Довербата на јавноста во функционирањето на институциите е уште повеќе еродирана“, стои во извештајот.

За судството каде земјата назадува во изминатите 12 месеци, Европската комисија забележува дека реформскиот процес е поткопан од политичко мешање во неговата работа. Се бара да се истражат индициите од снимките за злоупотребите во судството, а властите да покажат реална политичка волја за да се овозможи целосна независност на судскиот систем, овозможувајќи му на специјалниот јавен обвинител да работи непречено во истражување на содржината од снимките.