Регион

Обвинет починал пред пресудата

Ивица Марковиќ (прв ред, десно) и останатите обвинети, со своите адвокати во судница. Фото: Суд на БиХ

Од Судот на Босна и Херцеговина за БИРН потврдија дека добиле извод од матичната книга на умрените за обвинетиот, според кој Марковиќ починал во почетокот на јули оваа година.

„Имајќи предвид дека во текот на кривичната постапка обвинетиот почина, судот реши да ја прекине постапката против обвинетиот Ивица Марковиќ“, соопштија од судот.

На Марковиќ му се судеше заедно со уште еден поранешен припадник на ХВО, Миле Пажин.

Обвинението ги товареше дека во летото 1993 година, апселе и физички и психички малтретирале цивили, вклучително и жени и деца, кои биле затворени во основното училиште „Бранко Шотра“ во местото Црниќи, кај Столац, кои потоа биле префрлени во објекти за притвор во Ѓулиќи и Каплан Махала.

Во овој предмет им се суди и на поранешните припадници на ХВО, Видо и Јосип Крешиќ, кои се обвинети за психичко и физичко малтретирање на цивили, кои биле затворени во болницата за коскени заболувања во Столац.