Обвинителството на БиХ побара од Судот на БиХ во Сараево, на Лубарда да му се зголеми казната од шест години затвор, што му беше изречена минатата година, за злосторства против човештвото, извршено над лица од бошњачка националност.
Со првостепената пресуда од декември 2018 година, Лубарда беше прогласен за виновен за прогон и затворање на Бошњаците во регионт на Рогатица, од мај 1992 до крајот на 1993 година.
Обвинителството, исто така, побара укинување на делот од пресудата со која тој и поранешниот припадник на резервната полиција, Озрен Планојевиќ, беа ослободени од преостанатите точки од обвинението и предложи да се одржи ново судење.
Лубарда, минатата година, беше ослободен од обвиненијата дека е одговорен за присилно исчезнување на неколку Бошњаци, додека Планојевиќ беше ослободен од обвинението за физичко малтретирање на затвореници, во средното училиште во Рогатица и за исчезнување на неколку лица.
Одбраната побара отфрлање на жалбата на обвинителството.