Втората годишнина од атентатот на Оливер Ивановиќ, кој на 16 јануари 2018 година беше убиен пред седиштето на неговата политичка партија, Слобода, демократија, правда, во Митровица, беше одбележана со четири настани.
Претставниците на партијата Српска листа, главни политички опоненти на партијата на Ивановиќ во Косово, утрово одржаа комеморација на местото на неговото убиство.
Делегацијата ја предводеше претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ, кој рече дека неговата партија ќе продолжи да бара правда.
„Нема да се откажеме од барањето правда и уште денеска ќе испратиме писмо на сите адреси, писмо до меѓународната заедница и таа да се вклучи, да испратат свој истражен тим и да ѝ помогнат на Приштина, ако таа не е во можност да дознае (кој го уби Ивановиќ)“, Рече Ракиќ, пренесува Косев.
Потпретседателот на Српска листа, Милан Радоичиќ, се спомнува во првичното обвинение како еден од наводните водачи на „организирана криминална група“, која стои зад убиството на Ивановиќ. Радоичиќ го негираше ова.
Еден час по комеморацијата на Српска листа, на истото место годишнината од убиството ја одбележаа поранешните колеги на Ивановиќ, неговата прва сопруга, Марина Ивановиќ, и мала група на негови пријатели.
Марко Јакшиќ, поранешен член на партијата на Ивановиќ, напиша на Твитер: „Нѐ немаше повеќе од 20-тина и не сакавме новинари. Секој од нас сакаше да оди и да запали свеќа за Оливер денеска“.
Није нас било више од 20-так, и нисмо хтели новинаре. Свако од нас је хтео да данас оде и запали свећу за Оливера. На предлог његове законите жене Марине, прихватили смо да то урадимо, као његови пријатељи, познаници, колеге и суграђани.
Вечна ти слава Оливере! pic.twitter.com/u6gVDWtnNV— Жозе Роберто Гама де Оливеира (Marko Jaksic*) (@jaksicmarko) January 16, 2020
Во Белград се одржаа уште две комеморации. Едната на гробиштата каде е погребан Ивановиќ, во присуство на неговиот брат и на други роднини, заедно со некои претставници на српските опозициски партии.