Жалбениот совет на ММКТ донесе одлука дека конечната пресуда против Младиќ, не треба да се одложува, затоа што еден од неговите адвокати не може да биде присутен во судот.
Изрекувањето на пресудата, која доаѓа по постапката водена по жалбата на Младиќ, на првостепената пресуда со која тој беше осуден за геноцид и други злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина, е закажана за 8 јуни.
Одбраната на Младиќ побара одложување, бидејќи еден од неговите адвокати нема да може лично да присуствува на изрекувањето на пресудата, поради „итна хоспитализација и континуирано лечење“.
Одбраната нагласува дека Младиќ го отфрлил предлогот, одреден дел од рочиштето на кое ќе биде изречена пресудата, да се одржи преку видеоврска.
Во барањето за одложување, повторно се свртува внимание на можното нарушување на менталните способности на Младиќ, при што се наведува дека „менталниот капацитет на Младиќ за смислено учество во рочиштето“.
Но, Жалбениот совет, во својата одлука забележува дека „правото за присуство на рочиштата во текот на жалбената постапка, не бара физичко присуство во судницата, барем не кога не се презентираат нови докази и тоа право може да се оствари преку видеоконференција“.
„Кога клиентот го застапуваат двајца адвокати, кој било од нив може да преземе одговорност да присуствува на судењето“, се вели во одлуката.
Делот во кој се отфрла сугестијата на одбраната дека Младиќ може да биде ментално неспособен да ја следи постапката, се нагласува дека „одбраната повеќепати не успеа да докаже дека Младиќ не е во состојба да комуницира, да се консултира со бранителот и/или да ја разбере суштината на постапките“.
Хашкиот трибунал, во ноември 2017 година, го осуди Младиќ на казна доживотен затвор, прогласувајќи го виновен за геноцид во Сребреница во 1995 година, за прогон и истребување на Бошњаците и на Хрватите низ цела земја, за тероризирање на цивилите во Сараево за време на опсадата на градот, како и за земање на мировници на ООН како заложници.
Одбраната ја обжали пресудата, барајќи ослободителна пресуда по сите точки од обвинението, повторно судење или помала казна за Младиќ.
И обвинителството поднесе жалба, барајќи Младиќ да биде прогласен за виновен за геноцид извршен во пет други општини во 1992 година.