Од Судот на Босна и Херцеговина за БИРН соопштија дека Маринко Шуњиќ, обвинет за затворање, прогон и за злоупотреба на бошњачкото население од Мостар, во 1992 и 1993 година, починал и дека постапката против него е прекината.
На Шуњиќ му се судеше за злосторства против човештвото, заедно со Јуре Кордиќ, Дражен Ловриќ, Дарио Сушац, Неџад Тињак, Нухан Шикало, Дарио Михаљ, Станко Шкобиќ, Томислав Анчиќ и Славко Голомац.
Сите обвинети биле членови на првиот баталјон на втората бригада и на ‘казнениот баталјон’ на ХВО.
Обвинението ги товари за затворање во логорите „Хелиодром“ и „Војно“, за прогон и за сериозно малтретирање на бошњачкото население од Мостар, во 1992 и 1993 година.
Обвинението, исто така, го товареше Шуњиќ, дека заедно со неколку други лица, во зградата на полицијата на ХВО, во септември 1993 година, силувал жена, која претходно била донесена од логорот „Војно“.
Во истиот овој случај, во јули 2019 година, почина и обвинетиот Неѓад Ќориќ.
Во изминатите пет години, околу 20 лица, на кои им се судеше пред Судот на БиХ, починаа, пред да им биде изречена правосилната пресуда.