Вести

Споделете го вашето искуство: проблеми со средното образование

Ученици пред средното училиште Јосип Броз Тито во Скопје | Фото: Роберт Атанасовски

Почитувани читатели,

Би сакале да слушнеме искуства од родителите/старателите на учениците во средно образование.

Многу родители/старатели се жалат дека децата се соочуваат со проблеми во учењето по некои предмети поради разликите/неусогласеноста во програмите по кои се учи во текот на деветгодишното основно образование и понатаму во средното образование.

Се надеваме дека ќе ни помогнете во истражувањето на оваа тема.

Целта на оваа анкета е:

  • да добиеме информации за обемот на овој проблем
  • да ги откриеме клучните точки (предмети) каде тој се јавува
  • да ги детектираме начините на кои родителите/старателите се обидуваат да го надминат проблемот

Како да учествувате?

За да го испратите вашето искуство, само пополнете го овој формулар. БИРН нема да објави никакви лични податоци без претходна согласност. Вашите одговори се безбедни и шифрирани.