Во ноември 2018 година, Дејан Недељковиќ, косовски Србин, поднел барање за пријавување на своето живеалиште во Белград, каде тој и неговата сопруга имаат стан, во кој планирале да се преселат.
Оттогаш, системот ги разликува српските државјани што живеат во Србија и оние што живеат во Косово, при што за вторите не важи безвизниот режим.
Косово, сè уште чека, како и другите земји во регионот, како самостојна држава, да биде ставено на т.н „Бела шенген листа“, со што на неговите граѓани ќе им биде овозможено, до три месеци, слободно да патуваат во земјите на ЕУ, без да аплицираат за виза.
Косовските Срби, како Недељковиќ, велат дека разликата со пасошите создава дискриминација, ја ограничува нивната слобода на движење и создава серија бирократски пречки, со кои не се соочуваат другите српски граѓани, особено кога сакаат да пријават промена на местото на живеење.
„Јас сум граѓанин и на Србија“, вели Недељковиќ. „Зошто сум помалку граѓанин од, на пример, оние од Рашка, кои можат да се регистрираат каде било?“.
Миодраг Миличевиќ, од невладината организација „Актив“, со седиште во Митровица, потенцира дека граѓаните на Србија, регистрирани во Косово, ефективно станале граѓани од втор ред.
„И покрај еднаквите права на хартија, српските граѓани кои живеат во Косово, во практика се во подредена позиција, што во голема мерка ја ограничува нивната слобода на движење“, вели Миличевиќ за БИРН.
Безбедносни проверки