
Тој ова го нарече „вандалски чин и чин на омраза, насочен против малубројната група на повратници“ во босанскиот ентитет, Република Српска, стои во соопштението од Претседателството на БиХ.
Комшиќ ја повика власта и полицијата во Република Српска, да ги пронајдат сторителите, чиј идентитет сѐ уште не е познат.
Во спротивно, Комшиќ, како што е нагласено, „ќе го смета ова за чин, кој има за цел да испрати порака, дека на Хрватите не им е местото во овој ентитет“.
Според пресудите изречени во Хаг и од Судот на Босна и Херцеговина, силите на полицијата и на војската на Република Српска, во 1992 година, извршиле прогон на несрпското население во регионот на Приедор, кој резултирал со убиство на повеќе од 3.000 лица.