Регион

Во Хрватска се ексхумирани посмртни останки на 15 Срби, соопшти Белград

Филип Рудиќ, Белград

Ексхумација во Хрватска во 2001. Фото: ЕПА/Tом Дубравец

По шестдневна ексхумација на гробиштата во шест села на округот Карловац, пронајдени се останки на 15 лица, објави денеска Комисијата за исчезнати лица на Владата на Србија.

„Според прелиминарните податоци, пет тела се од женски пол, осум тела од машки, а за две тела не беше можно да се утврди полот“, се вели во соопштението на Комисијата.

Во него се додава дека ексхумираните останки, заради идентификација, се транспортирани на Медицинскиот факултет во Загреб.

За време на операцијата „Бура“, хрватските сили ја вратија територијата која од крајот на 1991 година беше под контрола на бунтовничките Срби, на кои им помагаа Југословенската народна армија (ЈНА) и српските паравоени сили.

Хрватскиот Хелсиншки комитет процени дека за време и по операцијата биле убиени 677 цивили.

Оваа акција, исто така, доведе до хуманитарна криза, бидејќи за време и по „Бура“, Хрватска ја напуштија околу 200.000 српски цивили.